Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Кодификација на македонскиот јазик

No description
by

Eli Matevska

on 6 May 2014

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Кодификација на македонскиот јазик

Президиумот на АСНОМ во ноември 1944 година назначил комисија која требало да поднесе предлог за азбука и правопис на македонскиот јазик.

Првата комисија не ги оформила целосно своите ставови, па, со извесни измени во составот на комисијата прашањето за азбуката и правописот се изјаснило во мај 1945 година.

Во Македонскиот литературен јазик треба да се установат оние форми од централните говори што во најголем степен ќе ги поврзат сите наши говори и ќе бидат лесно приемливи за луѓето од сите наши краишта.
Во македонскиот литературен јазик треба до најголем степен да се изрази неговата народна основа. Речникот на литературниот јазик да се обогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се изградуваат нови зборови со живи наставки, и само колку што е потребно да се усвојуваат и туѓи заменки.
Македонската азбука да биде составена од толку букви колку што има гласови во литературниот јазик. Правописот да се изработи врз фонетскиот принцип.
Кодификацијата е прифаќање и систематизација на јазични правила и закони и пропишување задолжителна јазична форма.
Таа претставува значаен чин во историјата на еден народ.


Македонски правопис
Правописот и правоговорот на македонскиот јазик, познати како ортографија и ортоепија, се стандардните јазични норми на секој јазик со кои се наведува правилниот говор и праволното пишување. Под правопис се подразбира правилен начин на пишување т.е. правилна употреба на графичките знаци и на интерпукцијата во даден јазик, како и правилна примена на сите законитости според кои се утврдуваат правилата. Сето ова се сфаќа како унифициран збир на правила за пишување на зборовите. Правоговорот се дефинира како правилен изговор на напишаното и на кажаното. Правоговорот налага секој зборувач на еден јазик да ги почитува правоговорните норми. Правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во 1945, 1950, 1970 и 1998 година
Правописот на македонскиот јазик е озаконет на 7 јуни 1945 година.


Блаже Конески
"Нормирањето на македонскиот јазик никој и не го замислуваше како некаква работа од почеток, на празен терен. Напротив, основната смисла на таа работа беше да им се даде пат на тие тенденции, што беа веќе изразени во јазичната, посебно писмената практика. Таа работа не носеше и поради тоа и некаков чисто емпириски карактер, ами се базираше врз некои принципи што се осознаваа тогаш, но во поголема или во помала мера и во минатото".
Mакедонска азбука
Македонска азбука — официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус територијата на Република Македонија. Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката
Македонскиот јазик содржи ред посебни фонеми (споредено со соседите); затоа, се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од 19-тиот век. Во своето дело За македонцките работи, македонистот Крсте П. Мисирков користи комбинации од г' и к' за да ги претстави фонемите /ѓ/ и /ќ/. Покрај тоа, буквата i тогаш се користела каде што денес се користи ј.

Буквите љ, њ и џ гледани по облик се од српско потекло, но нивните предци се јасно илустрирани во Мисирковата книга како л' и н', а во порани текстови како ль и нь (како во делата на Марко Цепенков), кои очигледно служеле како инспирација за современите адаптации. Изненадувачки, сè до крајот на Втората Светска војна, овие букви спарени со меки знаци се користеле наместо денес утврдените облици. Постојат индикации дека денешниот изговор на гласот љ како лј, всушност е наметнат од северните македонски дијалекти, додека оригиналниот изговор на гласот е мекото л, односно ль, како во централно-западните дијалекти. Така во Мијачијата и други краеви сѐ уште се пишува и се изговара Лубе наместо Љубе.

Денес, буквата ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо.
Кодификација на македонскиот јазик
Kодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава;
со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука;
со официјалното усвојување на македонскиот правопис - 7 јуни 1945.
развој на образованието
По војната во македонија имало многубројно неписмено население, дури 70%, од кои 90% биле од женската популација. Недостасувале објкти, згради кои ќе се користат како училишта, како и недоволен број на кадри за описменување на народот. Бидејќи требало да се обезбеди и настава за турците и албанците кои требада учат на мајчин јазик имало проблем да се најде соодветен кадар за тоа да се овозможи.
Во првите години се организирале аналфабетски курсеви за масовно описменување на населението.
Во 1946г. во Скопје се отворил Филозофскиот факултет и започнала високообразовната дејност во НРМ. Во 1947 се отвориле и Медицинскиот факултет и Земјоделско-шумарскиот, со пто бил формиран и Универзитетот „Кирил и Методиј“ во 1949г.
Full transcript