Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

ALEGORIJA

No description
by

Elizabet Baranuai-Kukuneshoska

on 27 January 2014

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of ALEGORIJA

АЛЕГОРИЈА
Алегорија
е стилско изразно средство со кое една мисла, еден израз на прикриен начин ги изнесува недостатоците на луѓето, нивните чувства и размислувања во меѓусебните односи. Уште ја викаме
проширена метафора
! Подеднакво е застапена и во поезијата и во прозата.
Да ги разгледаме следниве стихови од песната "Тешкото" од Блаже Конески:
... И душата чиниш на родот мој мачен
во тешково оро се уткала сета...
Познавајќи ја историјата на нашиот народ, знаеме дека Тешкото оро е симбол на неговото мачно и мрачно минато. Во овие стихови Блаже Конески алегорично ни ја пренесува вистината за нашиот напатен народ, чии воздишки одекнуваат заедно со грмнувањето на тапанот и писокот на зурлите. Тешките чекори со кои започнува орото се одраз на тежината што нашиот народ од векови ја носел и чувствувал длабоко во душата.
... Не можев да се појавам пред тоа забревтано чудовиште што ми го одземаше оној лик со небесно сини очи и коса со боја на есенско лисје. Помислив дека нозете секогаш ќе ми останат неподвижни и приковани за местото...
Во овој извадок од романот "Споменка" од Горјан Петревски раскажувачот во прво лице, Бојан, алегорично ни раскажува за заминувањето на неговата прва љубов во друг град, далеку од него. Иако неговата љубов е голема, тој е немоќен да направи нешто и да го спречи движењето на камионот во спротивна насока.

Многу литературни творби, особено
басните
се целосно предадени во алегорија. Да ја разгледаме басната "
Мечката и пчелите
":
Мечката пополека со доближи до сандаците со мед. Од една извади една рамка со мед и почна да се засладува. Тогаш од сандакот излета една пчела и ја боцна во носот. Мечката налутено го подигна сандакот и го тресна од земјата. Сите пчели излетаа од сандакот и раздразнети почнаа да ја напаѓаат мечката од сите страни. Таа бранејќи се почна да бега колку што може подалеку.
- Зарем не ми беше подобро да го претрпам тој еден убод од една пчела - мрмореше бегајќи- отколку што сакајќи да се одмаздам го предизвикав цел рој против себе?
Да изведеме заклучоците во врска со басната!

1. Која човечка особина ја препознаваме во ликот на мечката?



лакомоста итрината глупавоста

2. Мечката ја зема рамката со мед:
а. за да им направи штета на пчелите; б. за да ја задоволи гладта; в. за да го нахрани своето семејство?

3. Постапката на пчелата е со цел:
а. да се одбрани себе си; б. да го одбрани целиот рој; в. да го сочува медот.

4. Обидот на мечката да се одмазди е:
а. непромислен и избрзан; б. паметен (секој би постапил исто); в. неизбежен за да се одбрани.

5. Кој од дадениве заклучоци можеме да го извлечеме како идеја од басната!
а. Одмаздата е слатка, но може да ни донесе уште поголема загуба; б. Лекоумноста на човекот се огледува во неговите постапки; в. На доброто со добро се враќа.
Алегоријата често ја употребуваме и во секојдневниот говор.
Примери:
Мед и млеко му е животот.
Ми зинаа патикиве.
Природата ја смени облеката.
Паднат е од Марс.
Full transcript