Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Татковино - убавино, Македонијо

No description
by

Aida Petrovska

on 4 December 2013

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Татковино - убавино, Македонијо

Татковино - убавино, Македонијо
Ивана Здравковска
ООУ "Димитар Миладинов"

Спомен куќата на Мајка Тереза е направена во чест на животот
и делото на единствената нобеловка од Македонија. Локацијата не случајно е одбрана бидејќи на таа локација порано се наоѓала црквата во која Мајка Тереза е крстена. Во музејот се изложени слики и експонати од најпознатата хуманитарка, а најгоре е направена капела каде верниците можат да присуствуваат на миса.

Спомен куќа на Мајка Тереза

Триумфалната порта е висока 21 м. Однадвор има релјефи на површина од 193 м2
што претставуваат разни настани и обележја од историјата на Македонија и нејзината култура, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа и продавница за сувенири. На горниот дел од Порта Македонија има платформа за набљудување, а до таму водат два лифта и две скалишта.

Триумфална порта

Националниот Парк Маврово зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија.
Како национален парк е прогласен во 1949 година.Во границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во склопот на националниот парк е и Мавровското вештачко езеро.

Национален парк „Маврово“

Пелистер е името на највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2601 метар надморска височина,
претставува трет највисок планински врв во Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Пелистер е воедно прогласен за национален парк во 1948 година, тој има вкупна површина од 12.500 хектари.Го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.

Пелистер

Вруток е надалеку познатиот карстен извор на најголемата и најдолга
река во Македонија, реката Вардар. 
Изворот кој е именуван според селото Вруток се наоѓа во општината Гостивар, во југозападниот дел на Полошката котлина на само 7 км. оддалеченост од центарот на општината, на 683 метри надморска височина. 
Самото име Вруток всушност и значи врело, извор, па според овие оригинални значења е добиено и името на местото каде извира реката Вардар. 
Водата од изворот е чиста и плитка и неа ја пијат жителите на Гостивар и жителите од околните села и населени места. Редовно се прават хемиско - биолошки анализи кои во последните неколку години покажуваат дека водата е употреблива и може да се пие.


Вруток

Радика е река во Македонија, која е десна, а воедно и најголема притока
на реката Црн Дрим. Припаѓа на јадранското сливно подрачје
Извира на 2.200 метри надморска височина под Враца. Од изворот до утоката во Дебарското Езеро е долга 67 км.Радика има чиста, бистра и студена вода со изглед на темнозелена боја што е последица од калциум карбонатот во неа.

Река Радика

Галичица е висока планина во Македонија. Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен
и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Република Македонија, се карактеристика по положбата што ја зазема меѓу двете езера - Охридското и Преспанското, потоа, по разгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици (длабоки долови, разни видови на карстни форми и глацијални релјефни форми).


Планина Галичица

Споменикот Мечкин Камен се наоѓа во близина на Крушево, Македонија
. Споменикот претставува востаник со високо подигната камен карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република. Легендарниот “Мечкин Камен” претставува епопеја сам за себе.

Мечкин камен

На Гумење, на 25 април 2011  беше промовирана Спомен-куќата посветена на македонската музичка икона Тодор
(Тоше) Проески. Објектот се простира на површина од околу 870 метри квадратни и има форма на крст. Музејската поставка на Спомен-куќата на Тоше Проески  обезбедува еден хронолошки  приказ на  неговото детство, на  тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера и истата е збогатена со 350 автентични експонати.

Спомен куќа на Тоше Проески

Кокино е опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината
Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“,на надморска висина од 1 030 метри., а името го добила по најблиското село Кокино.

Кокино

Билјанините Извори се најпознат и најопеан симбол на Охрид, создаден од природата.
За нив е испеана народната песна Билјана платно белеше која е позната ширум светот. Се наоѓаат во подножјето на планината Галичица под селото Рача, а околу изворите денес има паркови, спортски терени и познат ресторан. Со вода од изворите се снабдува и Хидробиолошкиот завод, научна институција која се заниамва со ендемскиот жив свет на Охридското Езеро, како со негово проучување, така и со негова заштита.

Билјанини извори

Колешинскиот водопад е лоциран во југоисточниот дел на Република Македонија,
на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.
Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.


Колешински водопади

Кањонот Матка зафаќа површина од околу 5.000 ha и се наоѓа на 17 km југозападно од Скопје,
тој претставува кањон на реката Треска, која е десна притока на Вардар. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура.На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми - десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.
На локалитетот Матка се откриени два нови видови на вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.

Кањон Матка

Камениот мост во Скопје претставува една од најзначајните знаменитости на градот
. Сместен е во центарот на градот и ги поврзува плоштадот Македонија и Старата Скопска чаршија.Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 год., во текот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II Освојувачот,во периодот меѓу 1451 и 1469 год.


Камен мост

Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје.
Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, тој е еден од највисоките градби во Македонија и највисок крст во светот.Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.

Милениумски Крст

Мостот на уметноста е пешачки мост преку реката Вардар
во центарот на Скопје. На него се поставени многу статуи на познати уметници и музичари.
На мостот има вкупно 29 скулптури, по 14 на секоја страна и една во средината. Долг е 83 метри и широк 9,2 м, со тоа што средишниот дел се проширува до 12 м.


Мост на уметноста

Во музејот се наоѓа оригиналот од Декларацијата за независноста на Македонија,
која е изложена во холот при самиот влез.
Самиот музеј се состои од тринаесет одделенија, и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Во првата просторија е претставен раниот период на македонската борба, кога ајдутите сè уште немале дефинирано политичка платформа.Сите останати простории понатаму се поврзани хронолошки сè до периодот на комунизмот.
Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја. Освен восочните фигури во музејот се наоѓа и поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.


Музеј на македонската борба за државност и самостојност

Плаошник е познат како религиозен локалитет уште од почетоците на христијанството,
а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи ранохристијански базилики, како и остатоците од црквата Свети Пантелејмон која ја изградил и во која работел Свети Климент Охридски.

Плаошник

Воинот на коњ е споменик со фонтана на кралот Александар Македонски.
Скулптурата е висока 14,5 метри,изработена од бронза и поставена на бетонски постамент висок 10 метри.
Под споменикот се наоѓа фонтана. Околу фонтаната се поставени осум војници од бронза кои се високи по три метри, како и осум лавови, високи по два и пол метри, од кои четири се свртени кон фонтаната. Од нивните усни тече вода. Останатите четири лавови се поставени на скалите и се во седечка, односно во чуварска положба. На столбот, постаментот на коњаникот, има три прстени со монтирани плочи на кои се претставени три битки. Меѓу нив има три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Од најгорниот прстен паѓа водена завеса, а нагоре се крева магла. Oд фонтаната свири музика.

Споменик на Александар Македонски

Скопската тврдина Кале е изградена во Византиско време ( во 6-ти век ),
со камени ѕидови со должина од 121 метар.
Според археолозите,камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи.
Тврдината нуди фантастичен поглед на град и можност да се дојде до Старата Скопска чаршија од градот за неколку минути.Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.


Скопско Кале

Татковино - убавино

Ивана Здравкова VIII в/9 одд.
ООУ “Димитар Миладинов”
Full transcript