Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Топ 10 природни катастрофи

No description
by

on 5 March 2014

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Топ 10 природни катастрофи

www.olivernedanovski.com
Топ 10
природни катастрофи
во човековата историја

Вовед
Планетата Земја е непредвидлива.Од самиот почеток на нејзиното создавање па се до ден денес се случуваат природни непогоди, кои за самите суштества, а и за човекот во поново време штето и опасно делуваат.
Ние како географи ќе се задржиме на географските и климатските непогоди.
10
Во ранг листата на топ десет природни катастрофи се вбројува и вулканската ерупција што се случи на на планината Хеленс и е една од најдраматичните случувања во историјата на Америка, каде што самиот вулкан се наоѓа во државата Вашингтон, во САД. Ерупцијата што се случи во 1980 година донесе и остави катастрофални последици и однесе човекови жртви.
На самиот ден
На 18 мај 1980 во 08:32 часот наутро планината почна да трепери. Потоа настана земјотрес кој бил со јачина од 5.1 степени.
Веднаш после земјотресот дојде до појава на лизгање на самото земјиште од северната страна на самата планина. Самата маса што се одвоила се движела со брзина од 177-250км/ч и е една од најголемите лизгања на земјиштето пишана во историјата.
По одвојувањето на северната страна од планината следееше ерупција која што создаде вулканска “печурка” со височина над 25км. Со самата ерупција се исфрли големо количество на пирокласичен материјал, пепел, прав и друго, а пак од вулканот излезе лава која се движела со огромна брзина уништувајќи се пред себе.
Последици
Природната катастрофа што се случи на 18 мај 1980 година, беше една од најсмртоносната и економската вулканска ерупција во историјата на САД. 57 лица загинаа, а пак од инфраструктура биле уништени:
• 200 куќи
• 27 мостови
• 24км железнички сообраќај и
• 298км автопатишта.

Повеќе од 9.400.000м3 шумска површина била оштетена односно уништена. Според проценките што биле направени се утврди дека штетата што е направена вреди околу 2.500.000.000 долари.
Ерупцијата на планината Сент Хеленс
9
Супер Торнадо
На место број девет според некои научни истражувања се наоѓа супер торнадото кое што покрај големите штети, предизвика и сериозни последици врз самото население.
На 2 април 1974 година се случи едно од најкатастрофалните природни појави кое како виновник е торнадо што ги зафати деловите на централен САД. Голема маса на ладен и сув воздух падна од Канада, која се движела кој реките Мисисипи и Охајо, а пак од спротивен правец се движел влажен воздух на север од Мексиканскиот Залив.
Самата национална метеоролошка станица со своите примитивни радари утврдиле дека нешто лошо се подготвува, но тие немаа идеја што може да настани и со колкава сила и разурнувачка моќ ќе биди
На самиот ден
Судирот на топол на ладен воздух предизвика појава на 148 торнада распространети низ 13 држави. Првото торнадо некаде околу 02:00 се спушти во Бредли Каунти во јужниот централен Тенеси во округот на северозападна Џорџија. Десен минути подоцна и на далечина од 720км се појавија и во Централен Илиноис, а по десет минути и низ Индијата. Торнадата беснееја на сите страни.
На север стигнуваа и до Детроит на север, до Вирџинија на исток и т.н. По 15 часа беснеење и разорнување торнатада се смирија и исчезнаа. Тие патувале околу 3250км кое предизвика хаос.
Последици
Моќта на ова супер појава беше навистина страшна. Дел од торнадата се движеле со брзина повеќе од 450км на час, што предизвика големи штети и одзеде човекови
животи.
Регистрираните 148 торнада кои беснееја 15 часа уби преку 315 лица, а повреди преку 6100 други луѓе. Вкупната штета достигна преку половина милијарда долари.

8
Земјотрес и цунами
во Тухоко
Земјотресот од 2011 година во близина на пацифичкиот брег на регионот во Тохуко, Јапонија го зазема осмото место во листата на топ десет природни катастрофи. Овој земјотрес е познат и како Земјотресот во Тохуко 2011 кој беше подморски тексонски земјотрес со јачина од 9.0 степени во близина на брегот на Јапонија
На 11 март 2011 година, во 14:46 часот настана земјотрес со епицентар околу 70км источно од полуостровот Ошика на Тохоку и хипоцентар на подводна длабочина од околу 32км. Тоа беше најсилниот познат земјотрес што ја погодил Јапонија, и еден од петте најсилни земјотреси во светот.
На самиот ден
Самиот земјотрес предизвика моќно цунами со бранови кои достигнаа и височина до 40м а и повеќе во градот Мијако, а во околината на Сендаи стигнаа бранови и до 10км на комното. Земјотресот го помести Хоншу за 2.4м на исток и се проценува дека ја помери Земјата околу својата оска мегу 10 и 25см.
На 13ти март 2011 година се објавени височините на брановите што ја погодија јапонија и тоа:
• 15:12 JST - Kamaishi – 6.8 м
• 15:15 JST - Ōfunato – 3.2 м
• 15:20 JST - Ishinomaki-ши Ayukawa – 3.3 м
• 15:21 JST - Miyako – 4.0 м
• 15:21 JST - Kamaishi – 4.1 м
• 15:44 JST - Erimo-Чо Shoya – 3.5 м
• 15:50 ЈST - Soma – 7.3 м

Цунамито што настана од силниот земјотрес предизвика голем број на нуклеарни несреќи, пред се топење во три реактори во никлеарната централа “Фукушима 1” кое се уште трае, поради што морање да се евакулираат околните потрачја што влијаеше врз стотици илјади жители.
Последици
Национална полициска агенција на Јапонија потврди 15.844 смртни случаи, 5890 повредени лица и 3451 исчезнати лица. Национална полициска агенција на Јапонија потврди 15.844 смртни случаи, 5890 повредени лица и 3451 исчезнати лица.
7
Ерупцијата на вулканот
Кракатау
1883 година е обележана со катастрофалната ерупција на вулканот Кракатау која одзеде голем број на нечии животи. Заради тоа таа е пишана како седма катастрофална непогода од топ десетте во човековата историја.
По неколку земјотреси што се случуваа во текот на месецот, на 26ти август околу 14:00 часот на Кракатау повторно се активира и настана ерупција. После кратко време односно неколку секунди слободно можеше да се види црн облак од пепел кој бил со височина од 27км, кој постепено се издигнувал во атмосферата и достигнал до 80км височина. После самата ерупција на секои десеттина минути се случуваа постојани експлозии, исфрлање на пирокласичен материјал, папел и прав.
На самиот ден
На оддалеченост и од 20км, дел од бродовите што претходно пловеле низ езерото забележале како паѓаат вулкански бомби односно парчиња на нивните палуби кои биле со дијаметар повеќе од 10см.
После самата експлозија настана мало цунами кое по 3 часа го погоди брегот на Јава и Суматра кои се оддалечени околу 40км.
Следните експлозии продолжија и на 27 август. Настанаа во 05:30, 06:44, 10:02 и 10:41 часот по локално време.

Секоја експлозија предизвикувала цунами за кои се верува дека брановите се движеле со височина над 30 метри. По значајните ерупции голем дел од островот односно вулканот Кракатау исчезна. Се до 1926 година Кракатау беше уништен и сокриен под вода. Во 1927 година со самите вулкански ерупции тој повторно се појави над површината на водата кој бил со височина од 9м.
Последици
Сите тие ерупции, земјотреси, експлозии и цунами направија голема, огромна штета за човештвото, а и за самата природа. Ова природна катастрофа одзеде животи на повеќе од 36.000 лица и заради тоа е прогласена во топ десетте природни катастрофи.
6
Ураганот Катрина
Најкрвавиот и најопасниот циклон во 2005 година го создаде ураганот наречен Катрина. Тоа е најскапа природна катастрофа која за среќа и покрај неколку дневното беснеење низ Америка одзеде помал број на човечки животи, но пак за жал зад себе остави голема материјална штета. Заради сето тоа ураганот Катрина го зазема шестото место.
На самиот ден
Ураганот Катрина е формиран на 23 август како тропска депресија, односно како резултат на интеракција на тропски бран и остатоци од тропска депресија. На 24 август бурата веќе беше подготвена со својата разорнувачка моќ која почна да се движи кон Флорида. Со самата бура дирекно настана и ураган. На 25 август бурата на еден начин се смири, но за кратко време некаде по навлегувањето на Мексиканскиот Залив, ураганот повторно се поврати.
Моќта на ураганот постепено се зголемувала, а со тоа и се зголемувала и брзината на ветровите. По неколку дена невреме на 28 август, ураганот Катрина го достигна својот максимум со брзина повеќе од 250км на час. На 29 август силата на ураганот се намали на нешто повеќе од 200км/ч, но сепак при таа брзина моќта е премногу голема. Движењето на циклонот продолжуваше низ Америка. Од југоисточна Луизијана се префрли во Мисисипи. Ураганот својата сила повторно ја задржува која се движела со над 230км/ч.
Последици
Ураганот Катрина направи огромни штети кои чинеа преку 105 милијарди долари. Ураганот уништи и 30 нафтени платформи. Во неколку д беснеење беа погодени повеќе места:
Јужна Флорида
Куба
Луизијана
Њу Орлеанс
Мисисипи и др.
5
Големата поплава
Петтото место го зазема големата поплава, која се случила неколку илјади години пред нашата ера. Со катастрофалниот порас на нивото на вода во Црното море зеде со себе голем број на човечки животи и поплави огромни пространста.
На самиот ден
На крајот од последната вирмска глацијација, која завршила некаде пред 10.000 години дојде до нагло топење на самиот лед кој ја имал зафатено делумно цела северна хемисфера, а со тоа дојде до покачување на нивото на светското море.
Некаде пред 5600 години п.н.е големите поплави навлегоја во Црното море. Според некои истражувања што се направени во 1997 година, пронајдени се голем број на човекови скелети, злато и многу други предмети кои се чист доказ дека пред да навлези водата во Црното море живеела одредена цивилизација со свои обичаи и традиција. Според некои проучувања нивото на Црното море пред поплавата била 30м понисто за разлика од денес. Во него навлегло 10 милиони кубни километри, што е огромна маса на вода.
Последици
Како што е спомнато претходно, ова природна катастрофа се случи пред околу 7000 години и заради тоа доволно факти за последиците не се знаат. Кога би се размислувало за тоа дека во тие простори пред катастрофалната поплава живееше одредена популација, лесно се доаѓа до последици. Според некои теории се препоставува дека во поплавата загинаја нешто повеќе од 100.000 луѓе.
4
Земјотрес во Сан Франциско
Во однос на сите последици што се случија од земјотресот во Сан Франциско, Калифорнија, слободно ќе се увериме дека токму затоа тој спаѓа во четирите најкатастрофални природни непогоди што ја изменија човековата историја.
На самиот ден
На 18 април 1906 година настана еден од најзначајните земјотреси на сите времиња што најмногу го погоди Сан Франциско. Како причина за настанување е поместување на тектониката на плочите, а најблиску до самиот град се наоѓа најпознатата пукнатина Сан Андреас која е со должина од 1300км и ги спојува Пацифичката плоча со североамериканската плоча.
Во 05:12 часот, по локално време, низ Сан Франциско се почуствува доволно голема сила што го размрда и самиот град. Силата на земјотресот беше со јачина од 7.8 степени. Најсилните тресења траеја околу 45 до 60 секунди. Тој се почуствува од Јужен Орегон до јужниот дел од Лос Анџелес.
Како последица на земјотресот и неговите последователни потреси, најстанаа и пожари кои излегоја надвор од контрола. Апсолутно изгледаше како цел Сан Франциско да гори. Откако земјотресот го снема, самиот град се справуваше со пожарите кои неколку дена беснееја низ градот.
Последици
Во тоа време беа пријавени 375 смртни случаи, кои денес според некои истражувања и пресметки бројката се зголеми и до 3000 минимум. Најголем дел од смртните случаи се во Сан Франциско, а помал дел се пријавени од други места, околни градови како што се Санта Роса и Сан Хозе. Преку 250.000 луѓе останаа без покрив над главата.
Над 80% од градот бил уништен не само од земјотресот кој преди-звикал рушење на згради и инфраструктура, самиот град подоцна се справу-ваше и со пожар кој се јавил на сите страни. Преку 30 пожари биле предизвикани од пукање на гасоводи. Биле уништени околу 25.000 згради и над 490 градски блокови.


За материјалната штета во тогашно
време е пресметано дека била повеќе од 400.000.000 долари, но денес е пресметано дека чинела над 6.000.000.000 долари.

3
Ерупцијата на Исланд
Една од најкатастрофалните непогоди е точно ова ерупција која зад себе остави трајни последици. Поради тоа таа спаѓа во топ три природни катастрофи и го зазема третото место.
На самиот ден
Самиот остров Исланд преставува вулкански остров, создаден заради излевање на магма односно лава која со тек на време својата надморска височина ја достигнала височината на светското море. Во средината на островот се наоѓа пукнатината која ги поврзува североамериканската плоча со евроазиската плоча. Заради тоа Исланд е познат по големиот број на гејзери и вулкани.
На 8 јуни се отвори расцеп со 130 кратери. Експлозијата настанала поради контакт меѓу подземната вода и магмата. Со текот на времето ерупцијата се помалку и помалку била експлозивна, но се исфрлало големо количество на лава.


По повеќетрајно исфрлање на лава се ослободи 15км2 базалтна лава. Лавата била исфрлена од 800 до 1400м, а пак гасовите биле исфрлени во висина и до 15км. Летото во Велика Британија било песочно, заради големата количина на пепел.
Поголемата количина на лава била исфрлена во првите пет месеци на ерупцијата, но ерупцијата траела и до 7 фебруари 1784. Вкупно се ослободило 120 милиони тони сулфур диоксид и 8 милиони тони флуор.

Последици
Ерупцијата била карастрофална која со себе остави трајни последици и одзеде човечки животи. Околу 21% од населението во Исланд умре од глад. Од големата количина на отровен флуор се задушија 80% овци, 50% говеда и 50% коњи.

Освен Исланд имало и последици во Европа. Отровниот облак од Исланд се прошири и во Европа. Најпрво ја зафати Норвешка, а потоа на 23 јуни ја зафати и Велика Британија. Маглата била многу густа што бродовите заради слабата видливост останаа на свое место. Сонцето било во боја на крв.

Во однос на човекови жртви, најголем процент изумреа заради вдишување од отровнот сулфурел гас. Од жителите во Британија најмногу биле загрозени работниците кои работеле на отворено. По некои истражувања се утврдило дека повеќе од 23.000 британци изумреле од отровниот гас.
2
Затрупаниот град Помпеја
Едно од најзасташувачките природни катастрофи, кое според фаталните последици што зад себе ги остави со векови и години слободно се вбројува во овие топ десет природни катастрофи и е на место број два.
На самиот ден
Помпеја е историски град кој се наоѓа во близина на вулканот Везув, Италија. Растојанието меѓу вулканот и градот е некаде околу 12км.
На 14 август 79 година од нашата ера се случи катастрофалната природна непогода. Везув повторно се активирал и настанала ерупција. Висината на облакот била околу 33км а и повеќе, кој освен облакот исфрлал пирокласичен материјал, вулкански бомби и други вулкански продукти. Некои сметат дека ерупцијата била условена од земјотресот што се случил 17 години пред настанокот, односно тој се случил на 5 фебруари 62 година.

За време на ерупцијата според некои истражувања, жителите од градот Помпеја не знаеле што всушност се случува. Големото количество на чад и прашина кое се издигнало во воздух го зазело цело небо и настана ноќ. Потоа врз самите жители и градот Помпеа почна да паѓа пепел и прашина и да се наталожува.
Во близина на градот Помпеа се наоѓа и градот Херкуланеум кој е поблиску до самиот вулкан Везул. Истата ситуација се случува и со Херкуланеум. За време на експлозиите што се случувале после ерупцијата, освен исфрлање на пепел и течење на лава, од самиот кратер излезе голема жешка прашина која што се движела по самата површина на земјата и со голема брзина се доближувала до градовите.
Како прв град кој е погоден е градот Херкуланеум. Од самата висока температура од некаде 400-500*С сите жители беа испечени и на еден начин убиени. За разлика пак од Помпеја, истата таа жешка прашина го зафате градот, но заради далечината од Херкуланеум до Помпеја што е 2-3км, прашината се подолади некаде за 200*С. Тоа не значи дека и покрај ладењето, тие не ги уби. Со самото наидување и навлегување кон Помпеја самата жештина и прашина ги уби, но не ги изгори. Потоа со текот на времето со самото таложење на прашината и пепелта врз градот Помпеа, градот цел бил затрупан. Во 1738 бил пронајден градот Херкуланеум, а по 10 години исто така е пронајден и Помпеја.
Последици
До ден денес последиците се воочливи. Со голем број скелети, уништени градби Херкуланеум е исполнет. А пак градот Помпеја е карактеристичен по скаменатите фигури на луѓе, кои за жал се вистински. Се смета дека изумреле околу 16.000 луѓе.
Некои испитувања во 2003 година откриваат 1044 вистински склуптури кои ден денес можат да се посетат и видат.

1
Земјотрес и цунами
во Индиски Океан
На место број еден од десетте најкатастрофални природни непогоди што ја сменија човекотвата историја е земјотресот и цунамито во Индија кое е предизвикано заради движење на тектонските плочи односно судир помеѓу индијската плоча и бурмската плоча. Едната плоча се подвлекла за 6см во другата плоча. Заради тоа подвлечување најпрво следеше земјотрес а потоа и застрашувачко цунами.
На 26 декември 2004 година, настанал силен земјотрес во Индискиот Океан, со епицентар во близина на западниот брег на Суматра, Индонезија. Со магнитуда од 9.1- 9.3, прогласен е трет по големина земјостес што воопшто е снимано на сеизмограф. Времетраењето на земјотресот било некаде од 8 до 10 минути и е запишан еден од најдолгите земјотреси што ја погодиле планетата земја. Се проценува дека силата на земјотресот била повеќе од 1500 пати поголема од атомската бомба во Хирошима.
Потполно се подразбира дека после секој земјотрес, со епицентар кој е под водна површина следува цунами. Високиот бран кој бил над 24 метри погоди повеќе земји од кој најмногу беше погодена Суматра. Дури по 16 часа и по земјотресот, на бреговите на Јужна Африка имаше мали делови од цунамито со висина од 1.5м

Последици
Самото тоа што земјотресот и цунамито се на најгорната скала на природни катастрофи укажува дека последиците се катастрофални. Според некои истражувања се смета дека загинаа околу 227.878 лица. Цунамито предизвика сериозни оштетувања и смртни случаеви не само во Индонезија, туку и во источниот брег на Африка.
Речиси и по десет години подоцна, овој настан сеуште влијае на регионот. Се даваат големи напори за обнова.

Заклучок
По сето ова што е напишано слободно можиме да заклучиме дека планетата земја е стварно непредвидлива. Во секој момент можи да изненади со по некоја непогода која можи да биди умерена, а можи да биде и фатална. Самиот народ е свесен за ова, и затоа постојано настојува на еден начин да се ослободи или пак заштити од нив. Со брзиот развој на техниката и науката веќе можат да се следат вулканите, и точно да се предвиди што се случува во моментот и што би можело да се случи.
Благодарам на
вниманието
Во овие десет природни катастрофи доколку се согледаат подетално, ќе се забележи дека не се подредени како топ десет по жртви или пак материјални штети. Ова ранг листа што е направена најчесто се однесува на она што најмногу ќе се памети во историјата на човештвото како на пример што е затрупаниот град Помпеа. Можеби имало и поголеми катастрофи со многу поголем број жртви, но заради самиот настан и заради последиците што и до ден денес се потполно зачувани го прават Помпеја да биде на второ место.
Освен геолошките природни катастрофи, и климатолошките понекогаш се покажуваат како доста страшни. Америка како земја со најголем број на торнада и урагани, тоа најдобро го знае.
Човекот е свесен дека и во иднина ќе има вакви природни катастрофи, а можи и поопасни. Научниците заедно со технологијата тежнеат кон тоа, на што подобар начин да се справат, со помалку жртви и материјални штети. Веќе во Јапонија се градат стамбени објекти кои се отпорни и на силни земјотреси. Но, за жал и покрај сите тие напори, сигурно во иднина би се случиле катастрофални природни непогоди кои вечно ќе се паметат во историјата на човештвото, бидејќи земјата е навистина непредвидлива.
Full transcript