Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Untitled Prezi

No description
by

Elena Miceva

on 4 March 2013

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Untitled Prezi

Историски приказ Помош по области имплементирани проекти Влијанието на помошта од САД врз локалниот економски развој во Република Македонија Презентација на магистерски труд подготвен од кандидатот Елена Мицева под менторство на проф. д - р Силвана Мојсовска Економски Институт, Скопје, 7 март 2013 година Содржина:
Карактеристики на помошта од САД во Република Македонија;
Помош од УСАИД за поттикнување на локалниот економски развој во Република Македонија;
Ефекти од помошта од САД за поттикнување на локалниот економски развој во Република Македонија;
Препораки за одржливост на резултатите од помошта на САД. Карактеристики на помошта од САД за Македонија Помошта од УСАИД за Македонија се заснова на постигнување на три општи цели:
•Поддршка на развојот на конкурентната пазарна економија, предводена од приватниот сектор,
•Поддршка на транзицијата за транспарентна и одговорна власт и зајакнување на граѓанскиот сектор преку демократски структури и процеси,
•Зајакнување на образовниот систем, со цел учениците да се здобијат со основни вештини потребни за вработување. Имплементација на помошта:
- запознавање на надлежните институции со планираните промени;
- заедничко планирање на проектите;
- пилотирање и
- имплементација на активностите во целата земја. Разлика меѓу помош и инвестиција - основана во 1961 година од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди;
- работи во повеќе од 100 неразвиени земји и земји во развој трошејќи помалку од половина од 1% од федералниот буџет на САД;
- од 1993 година УСАИД во Република Македонија имаат инвестирано повеќе од 500 милиони долари. Од вкупно регистрираните 2.184 проекти во базата на податоци на Секретаријатот за европски прашања, кои се имплементирани со средства од донатори (билатерални и мултилатерални), 136 проекти се финансирани со средства од САД Инвестираните средства и имплементираните проекти на УСАИД во Република Македонија се групирани во четири области, токму онака како што е организирана и работата на УСАИД Македонија:
• економски развој;
• демократија;
• образование и
• повеќе секторски активности. Фокус на помошта
во различни периоди социјалистичка земја со централно планирана економија општество со парламентарна демократија и пазарна економија ДЕМОКРАТИЈА
- Помош при создавање на систем на законодавство;
- Помош при создавање на демократски институции;
- Реформа на судството;
- Поддршка на политичките партии и Собранието;
- Поддршка на изборните реформи;
- Зголемување на транспарентноста;
- Поддршка на процесот на децентрализација;
- Поддршка на граѓанскиот сектор;
- Зголемување на професионалноста на медиумите. ОБРАЗОВАНИЕ
- Обезбедување на модерна и квалитетна настава;
- Помош при основање на Универзитетот на Југоисточна Европа;
- Имплементирање на повеќе од 200 проекти за реновирање на училишта;
- Обезбедување на широкопојасен интернет. ЕКОНОМИЈА
- Помош при спроведување на регулаторни реформи;
- Помош при создавање на здрав и стабилен банкарски сектор;
- Обезбедување на пристап до финансии за малите и средни претпријатија;
- Помош при основање на македонската берза;
- Поддршка на развојот на дигиталната индустрија;
- Промовирање на рециклирањето;
- Помош при постигнувањето на стандардите за квалитет;
- Поттикнување на домашните и странските инвестиции;
- Зголемување на извозот;
- Помош за компаниите за зголемување на конкурентноста;
- Обезбедување на техничка помош за земјоделието. Разлика меѓу хуманитарна и развојна помош Систематски пристап при имплементирањето на помошта и проектите кој се состои од следниве три елементи:
- Создавање/реформирање на законската регулатива;
- Имплементација на активностите заедно со засегнатите страни и
- Обезбедување на одржливост на постигнатите резултати и нивна институционализација. Помош од УСАИД за поттикнување на локалниот економски развој во Република Македонија Локален економски развој во рамките на општините Организирањето на локалната самоуправа е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија 8 региони
84 општини и Град Скопје
1.767 населени места Во делот на локалниот економски развој, надлежностите се однесуваат на „планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство“. Извори за финансирање на општините:
-Локални даноци, такси, давачки и надоместоци утврдени со закон;
-Приходи од сопственост и донации;
-Приходи од самопридонес и
-Други приходи утврдени со закон. Активности на УСАИД во економскиот сектор - проекти за приватизација
-развој на банкарскиот сектор 1994 2002 - Помош за Комисијата за хартии од вредност;
- Подобрување на функционирањето на банкарскиот систем;
- Реформа на сметководството;
- Создавање на нови домашни и странски пазари за месото и млечните производи. 2006 - Помош при започнувањето со користење на електронскиот систем за набавки и компјутерската апликација за следење на извозот;
- Поддршка на активностите на проектот за рециклирање на пластика;
- Поддршка на зголемувањето на земјоделското производство и продажба;
- Борба со корупцијата. 2008 - Обезбедување на пристап до финансии за малите и средни претпријатија;
- Стимулирање на создавањето на нови работни места;
- Обезбедување на менаџмент обуки;
- Охрабрување на бизнисите за преминување од неформална во формална економија. 2004 - Поддршка на конкурентноста на приватниот сектор;
- Помош при создавањето на Националниот акционен план за енергетска ефикасност;
- Поддршка за извозно ориентираните компании. 2010 1996 2003 2005 2007 2009 - Помош при воспоставување на легислативата;
- Помош при реконструкција на економијата. - Зајакнување на финансиските институции;
- Зголемување на конкурентноста на приватните компании;
- Подобрување на климата за инвестирање и бизнис;
- Помош при воспоставување на Националниот совет за претприемништво и конкурентност. - Зголемување на конкурентноста на македонските компании на регионалните и глобалните пазари;
- Подобрување на бизнис климата;
- Зголемување на земјоделското производство;
- Зајакнување на финансискиот сектор;
- Зголемување на пристапот до капитал. - Подобрување на бизнис средината;
- Зголемување на конкурентноста на приватниот сектор;
- Борба со корупцијата;
- Зголемување на транспарентноста на владините процедури;
- Помош при започнување на нови бизниси за собирање и рециклирање на пластични шишиња. - Подобрување на бизнис средината;
- Унапредување на земјоделието;
- Зголемување на конкурентноста во приватниот сектор. - Зголемување на конкурентноста;
- Поддршка на развојот на земјоделието;
- Помош при основање на Паркот за дигитални медиуми. Проекти на УСАИД во областа на локалниот економски развој Инфраструктура - Проект за модернизација на судовите;
- Проект „Македонија се поврзува“;
- Помош при развојот на Универзитетот на Југоисточна Европа;
- Проект за основно образование;
- Проект за меѓуетничка интеграција во образованието;
- Проект за успешна децентрализација;
- Проект „Иницијатива за самопомош на заедниците“ Поттикнување на развојот на малите и средните претпријатија - Македонски компензационен фонд;
- Можности;
- Фонд за финансирање на МСП;
- Проект за микро и мали бизниси;
- Бизнис без граници;
- Гарантен механизам за кредити за развој на мали и средни претпријатија;
- Гаранции за заеми за микрофинансирање;
- Е - биз;
- Поддршка на индустријата за дигитални забави. Конкурентност - Македонски деловен центар;
- Проект „Призма“ за прераспределба на работната сила;
- Проект за помош на занаетчиите;
- Проект за конкурентност;
- Проект за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС);
- АгБиз;
- Инструмент за финансирање на иновации;
- Проект за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки. Ефекти од помошта од САД за поттикнување на локалниот економски развој во Република Македонија Студија на случај - АгБиз Времетраење на проектот: 2007 - 2013
Буџет: 5,5 милиони долари, по продолжувањето - 8,3 милиони долари
Имплементатор: Тетра Тех АРД, Вермонт Во првите години од работата на АгБиз активностите на проектот беа организирани во следниве компоненти или сектори:
1. Трпезно грозје и вино (флаширано и нефлаширано вино);
2. Свеж зеленчук и овошје;
3. Преработки од зеленчук и
4. Саморастечки видови. Поддршката која ја обезбедува АгБиз се состои од следново:
1.Техничка помош;
2.Обука;
3.Маркетиншки активности;
4.Работилници и конференции;
5.Реформи во политиките и/или институциите;
6.Помош во поврзувањето на производителите, преработувачите, продавачите и здруженијата на трговците и
7.Пристап до финансиски средства. Сектор трпезно грозје и вино - 83 формално регистрирани винарии;
- Најголем дел од извозот е наменет за Србија и Германија;
- Повеќе од третина од регистрираниет винарии се поддржани преку активностите на АгБиз;
- 4 винарии добија грантови со просечна вредност од 25.000 долари. Сектор свежо овошје и зеленчук - 26 извозно ориентирани компании беа поддржани преку активностите на АгБиз;
- 5 компании добија грант од Проектот;
- Најголем дел од извозот на свежо овошје и зеленчук го сочинува извозот на краставици, домати, пиперки, лубеници и зелка. Сектор самоникнати видови - Овој сектор опфаќа одгледувањето, производството и преработката на самоникнатите видови како печурки, бобинки, капини, лековити и ароматични билки;
- Италија, Германија и Франција се најголеми земји увозници на самоникнати видови од Република Македонија;
- Од овој сектор се проценува дека корист имаат околу 60.000 собирачи;
- АгБиз преку своите активности има поддржано околу 100 компании од овој сектор;
- Со поддршка од АгБиз беше основано трговското здружение за самоникнати видови „Шумски Плод“;
- 5 компании добија грантови од АгБиз. Сектор преработки од зеленчук - Овој сектор го сочинуваат околу 55 компании, од кои АгБиз има поддржано 46 или 84% од нив;
- Најголемиот дел од извозот (54%) е наменет за земјите од поранешна Југославија;
- Извозот на преработките од зеленчук во 2009 година бил во вредност од 39 милиони евра;
- 5 компании имаат добиено грантови од АгБиз. Продолжување на АгБиз Фокус на активностите по продолжувањето на Проектот:
- Секторот на свежо овошје и зеленчук;
- Секторот на преработки од зеленчук;
- Поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (Инвест Македонија);
- Идентификација, рангирање и развој на потребите за реформирање на регулативите и институциите;
- Поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Наоди од студијата на случај - Активностите на АгБиз со компаниите не се целосно финансирани од проектот;
- Работа на повеќе нивоа: институционално ниво, на ниво на здруженија на компании и на ниво на компании;
- Потреба од вклучување на одделенијата/секторите за локален економски развој во рамките на општините;
- Различна географска распределеност на активностите на Проектот;
- Бенефиции од активностите на АгБиз и за руралните и за урбаните средини. -обезбеди поддршка на 330 компании од секторот на агробизнисот;
-обезбеди поддршка на 34 организации на производители;
-основаше 4 нови трговски здруженија;
-обучи 3.500 лица;
-им помогна на 61 компанија од агробизнисот да пристапат до финансии во вредност од $9,5 милиони американски долари;
-им додели грантови на 20 мали и средни претпријатија за проширување на бизнисот кои резултираа со вкупно $12,4 милиони од дополнителна продажба во период од три години, $9 милиони од зголемен извоз и скоро $6 милиони од зголемен откуп од земјоделците;
-помогна да се создадат 637 нови работни места;
-помогна при стимулирањето на преку $9,4 милиони во инвестиции;
-помогна при обезбедувањето на дополнителен приход за повеќе од 42.400 домаќинства од руралните средини и
-обезбеди поддршка за присуство на 19 меѓународни трговски саеми и средби Бизнис-за-Бизнис, на кои учествуваа 153 учесници и добија нарачки во износ од $19 милиони. Постигнати резултати Студија на случај - Проект за основно образование Времетраење на проектот: 2006 - 2012
Буџет: 18,5 милиони долари
Имплементатор: ФХИ 360, САД
Компоненти на проектот:
1. Реновирање на училишта;
2. ИКТ во образованието;
3.Унапредување на математика и природни науки;
4.Унапредување на оценувањето и
5.Подготовка на работната сила. Реновирање на училишта Главни резултати на оваа компонента се:
- 115 училишта беа реновирани;
- Се помогна при реновирањето на 15 дополнителни училишта во соработка со Европската команда на американската војска;
- Во 8 училишта беа организирани обуки за зајакнување на капацитетите на училишните одбори;
- 1.169 наставници и 119 директори и претставници од стручните служби беа обучени за креирање на ефективна средина за учење;
- 182 претставници од локалните заедници, 254 родители и 1.250 наставници и претставници од стручните служби во училиштата беа обучени за вклучување на локалните заедници и родителите во активностите на училиштето;
- Во сите реновирани училишта беше дистрибуирана дидактичка опрема;
- 20 училишта станаа „зелени“ модел училишта;
- 150 директори, наставници и претставници од општините од 30 училишта беа обучени за енергетска ефикасност и одржување;
- Беа изработени, објавени и дистрибуирани до училиштата во Република Македонија прирачник за зелени училишта, еко календар, прирачник за креирање на ефективна средина за учење и прирачник за вклучување на родителите и заедницата во активностите на училиштето. Секој од проектите за реновирање беше во вредност од 30.000 до 100.000 долари. Активностите за реновирање на училишта опфаќаа: промена на прозорци и врати, промена на подови, реконструкција на кровови, промена на електрична инсталација, поставување на системи за топловодно греење и слично. Вкупно 49 компании од 18 населени места работеа на проектите за реновирање на училишта. Во активностите за вршење на надзор над проектите за реновирање на училиштата и подготовка и ревизија на техничката документација беа вклучени консултантски компании од сите 8 региони од Република Македонија ИКТ во образованието Постигнати резултати:
-над 15.015 наставници беа обучени за користење на различни видови на ИКТ во наставата и учењето;
-46 едукативни апликации и 113 едукативни игри за ученици од одделенска настава беа прилагодени;
-5 прирачници беа подготвени и издадени и беа дистрибуирани до училиштата во 29.000 копии. За активностите за приспособување на едукативните апликации и игри, обезбедувањето на логистика за организација на обуките за наставниците и печатењето на прирачниците беа ангажирани компании од Република Македонија со објавување на јавен повик. Унапредување на математика
и природни науки Постигнати резултати:
-3.386 наставници од предметна и одделенска настава беа обучени за унапредување на наставата по математика и природни науки и
-25.200 примероци од различни видови на прирачници и други материјали кои беа подготвени од ПЕП и испечатени беа дистрибуирани до сите основни училишта во Република Македонија. Унапредување на оценувањето До крајот на проектот беа обучени:
- 8.719 предметни наставници и претставници на училишното раководство од сите основни училишта за квалитетни приоди за формативно оценување;
- 1.488 наставници и директори беа обучени за ефективно сумативно оценување;
- 2.428 наставници беа сертифицирани за користење на формативно оценување;
- 575 училишни раководители беа обучени за планирање на оценувањето и интегрирање на оценувањето во годишните планови и извештаи;
- 150 предметни наставници се здобија со нови вештини за изготвување на тестови;
- 95 психолози беа обучени за оценување на ученици од ризичните групи;
- 32.000 мали календари, 14.000 брошури за Етички кодекс за оценување на просветните работници, 3.000 постери за училиштата беа испечатени и дистрибуирани. Подготовка на работната сила Постигнати резултати:
-40 училишта беа опремени со нов мебел и опрема (едукативни роботи, компјутерски управувачки уреди, роботска рака, лабораториска електроника и комплет за соларна енергија);
-60 наставници по техничко образование беа обучени за програмирање на едукативни роботи, компјутерски управувачки уреди и 3Д програмирање;
-60 PLC уреди и едукативни роботи беа дистрибуирани во средните училишта;
-Еден едукативен робот беше дизајниран и произведен;
-43 училишта беа опремени со дополнителна техничка опрема за развој на технолошките вештини уште од најрана возраст;
-88 одделенски наставници беа обучени за програмирање на едукативниот робот и негова интеграција во наставата;
-218 предметни наставници и лидери во училиштата беа обучени за инкорпорирање на претприемничките пристапи во наставата и
-6 кариерни катчиња во 6 основни училишта беа опремени со мебел и опрема (ЛЦД телевизори, компјутери, флип – камери, дигитална камера и печатачи). Наоди од проектот - Анализа на проектот од аспект на влијанието врз локалната економија;
- Само во рамките на компонентата реновирање на училишта распишани 113 јавни тендери, 2.323 компании подигнале тендерска документација, 1.731 понуда биле доставени;
- Рамномерна географска распределеност на сите активности што влијае и кон поголемо мобилизирање на локалните ресурси;
- Забележан развој на компаниите од аспект на зголемување на производствените капацитети, проширување на бројот на услуги, подобрување на квалитетот на услугите;
- Подготовка, печатење и дистрибуција на голем број на прирачници и други печатени материјали до сите училишта во земјата;
- Ангажирање на компании и за поспецифични активности како локализација на образовни компјутерски апликации, изработка на едукативни роботи, набавка на опрема за роботика. Натпреварот меѓу компаниите беше поттикнат делумно и заради:
- Бесплатна тендерска документација достапна за сите компании;
- Јавно отворање на понудите и читање на понудените цени;
- Објавување на имињата на избраните компании на веб страната на проектот;
- Навремена исплата на ангажираните компании по завршување на работите;
- Посети на компаниите пред да им се доделат тендерите со цел да се проверат нивните капацитети;
- Внимателно мониторирање на квалитетот на изведбата и давање на препораки од независен надзор и вработените на проектот за подобрување на истиот. Бенефит од
Проектот Образовен Економски Студија на случај - Проект за микро и мали претпријатија Времетраење на проектот: 2011 - 2016
Буџет: 1.979.400 долари
Имплементатор: ЦЕЕД Македонија
Компоненти на проектот:
1. Програма за претприемачи;
2. Бизнис поддршка и
3. Приватен капитал, квази капитал, бизнис ангели. Компании кои може да се вклучат во активностите на Проектот се микро и малите претпријатија од четири региони (скопски, полошки, источен/југоисточен и вардарски регион) кои ги исполнуваат следниве услови:
- До 10 вработени;
- Мали годишни приходи;
- Доминантна сопственост на македонски граѓани;
- Компании кои не се вклучени во индустрии кои не се поддржани од страна на УСАИД (оружје, игри на среќа, производство на алкохол итн.);
- Среден до висок потенцијал за раст и развој;
- Минато успешно работење;
- Создавање минимум едно работно место. -63 учесници се вклучени во програмата за претприемачи;
-Креирани се 36 нови работни места и 74 нови можности за работа;
-100% се задржани работните места во претпријатијата вклучени во програмата за претприемачи;
-Во 30 компании се воведени нови стандарди, процедури и пракси;
-Овозможена услуга за бизнис поддршка на 10 претпријатија, а примени апликации и изразен интерес за користење на истата
услуга од 8 други учесници и
-62 зделки се склучени меѓу компаниите учесници
во проектот. -Да се вклучат 300 компании од четирите региони во
активностите на проектот;
-Да се создадат 250 нови работни места во компаниите кои ќе бидат вклучени во проектот;
-Да се прошират 10 компании со помош на инвестирање на приватен капитал од 800.000 долари во нив преку инвестицискиот фонд;
- Да се зголеми продажбата на компаниите вклучени во проектот преку поголемо навлегување и проширување на локалните и регионалните пазари и
-Да се зголеми размената на искуства, практики, знаења и
информации меѓу компаниите кои се вклучени во проектот. Постигнати резултати во 2012 година Очекувани цели до 2016 година Како се работи на постигнувањето на целите? Програма за претприемачи Активности во рамките на Програмата за претприемачи:
- Програми за претприемачи дизајнирани на три нивоа (Програма за претприемачи, Програма за претприемачи за финансии и Програма за меки вештини);
- Вмрежување и настани за учење;
- Менторска програма и
- Членство во регионалниот ЦЕЕД клуб на претприемачи и менаџери. - Практични обуки;
- Размена на искуства, знаења и идеи;
- Воспоставување на деловна соработка;
- Размена на пракси;
- Комуникација со назначени и избрани ментори;
- Промоција на бизнис порталите на ЦЕЕД (www.bi.mk и http://ceedb2b.com). Резултати од првата година: - Вклучени 63 компании, наспроти планираните 60 компании;
- Создадени 36 нови работни места;
- Задржани сите претходно креирани работни места;
- Создадени 74 нови можности за работа. Бизнис поддршка Активностите на компонентата вклучуваат:
- Административна поддршка;
- Консултантски услуги;
- Интервенции во самата компанија;
- Техничка помош;
- Дијагноза на компанијата и
- Претпродажна помош за компаниите при влез на пазарите во Косово, Србија и Албанија. Обезбедување на услуги во областите на: организација, менаџирање на процесот на производство, подобрување на дизајн и пакување на производи, имплементација на нови технологии, развој на маркетинг стратегии, менаџмент на квалитет и сертифицирање, стратешко планирање, менаџмент на човечки ресурси, финансиски менаџмент, продажба. Во текот на првата година од имплементацијата на 10 компании им беше понудена бизнис поддршка, а 8 други компании изразиле интерес за користење на оваа услуга. До крајот на Проектот се очекува дека на 100 комапнии ќе им биде обезбедена бизнис поддршка. Приватен капитал, квази капитал, бизнис ангели Основан фонд со основен капитал од 800.000 долари Избор на 10 компании од Програмата за претприемачи Искористување на средствата за финансирање на проекти за експанзија и модернизација на компаниите Продавање на
уделот на Фондот
и повторно искористување на капитализираните средства од нови компании Наоди од Проектот - Недоволен одѕив на претприемачите од источниот регион;
- Дополнително вклучување на југоисточниот регион;
- Можност за компаниите од 46, односно 56 општини да се вклучат во активностите на проектот;
- Зголемување на свеста кај претприемачите од останатите региони (надвор од Скопје) за потребата од обезбедување на постојан раст и развој на компаниите;
- Нерамномерна вклученост на жените од полошкиот регион;
- Обезбедување на помош и поддршка за компаниите не преставува еднократна активност;
- Интензивирање на соработката со одделенијата/секторите за локален економски развој во рамките на општините. Препораки за одржливост на резултатите од помошта на САД Процес на планирање и имплементација на проектите Помошта како катализатор Соработка со институциите Директни и индиректни корисници Изградена доверба и сигурност Присутност на терен Партнерство Видливост на резултатите и промоција Заклучни согледувања Рамномерно стимулирање на економскиот развој во сите делови од земјата Дизајнирање на активностите согласно можностите и предизвиците кои произлегуваат од секоја средина Директно и индиректно поттикнување на локалниот економски развој Индиректно влијание врз зголемувањето на приходите на општините Афирмирање на улогата на општините како носители на локалниот економски развој Инкорпорирање на прашањето за одржливост на резултатите уште во процесот на планирање на активностите на проектите Соочување на земјата со одредени предизвици со цел подобро ефектуирање на резултатите Адресирање на прашањата за поттикнување на локалниот економски развој на различни начини Менување на пристапите кон решавање на проблемите и обликот на поддршката согласно промените во степенот на развој на земјата Оспособување на сите активни чинители за самостојно идентификување на предизвиците и справување со истите Подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на степенот на развој преку стимулирањето на локалниот економски развој Помошта од САД во изминатите години има улога на катализатор на процесот на развој кој резултира со бројни позитивни примери, кои пак ја претставуваат основата врз која ќе се надоградува понатамошниот развој на земјата Прашања Ви благодарам за вниманието
Full transcript