Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Бронхитис

No description
by

Klara Mukaetovska

on 18 February 2014

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Бронхитис

Бронхитис
Бронхитис
Бронхитисот е воспаление на слузницата на бронхиите, но бронхиите можат да се оштетат и подлабоко доколку бронхитисот е постојан и долготраен.
Предизвикувачи на бронхитисот се инфекции или алергична реакција на бронхиите. Така, постојат инфекциозни и
алергични бронхитиси, кај кои бронхиалната слузница отечува, црвена е и лачи слуз, а кога има инфекција лачи и гној. Бронхитисот се изразува со кашлица и плуканица, која е ретко крвава, и со шумови наречени бронхитични `ркалки.
Еволуцијата е акутна или хронична, врз основа на која бронхитисите се делат на акутни и хронични бронхитиси.
Акутен бронхитис
Најчесто се јавува во есен и зима т.е во студена и влажна сезона. Се развива во три етапи: најпрвин ринофарингитис, што значи кијавица и ангина, во траење од еден до три дена, потоа сув бронхитис со кашлица, скудна слузава плуканица и покачена температура на 38º, најпослем катарален бронхитис со кашлица и течна обилна плуканица.
Акутниот бронхитис поминува за неколку дена.
Хроничен бронхитис
се изразува со многубројни и тешки настапи на
кашлица, обилна плуканица и диспнеа. Кај овие бронхитиси важно е да се
одредистепенот на респираторната инсуфициенција, однего зависи иднината на
болниот. Некои болни добро го поднесуваа хроничниот бронхитис многу години,
додека други имаат многу настапи на кашлица и обилна плуканица. Кај хроничниот
бронхитис се чести инфекции на бронхиите, а некогаш и загнојување на белиот дроб. Но најтешката компликација што се јавува послем неколку години е респираторната инсуфициенција и слабоста на срцето.
Лекувањето е етиолошко со антибиотици. Бањско лекување се препорачува кај хроничните бронхитиси. Акутниот бронхитис е излечлив, а хроничниот неизлечлив.
Третман
Треба да мирувате додека имате зголемена телесна температура. Истата може да се намали со земање на аналгетици или антипиретици (лекови кои ја намалуваат телесната температура).Потребно е да се земаат големи количини на течности. Доколку бронхитисот е последица на бактериска инфекција, треба да се земаат соодветни антибиотици. Секретот кој е насобран во горните дишни патишта треба да се исфрли. Поради тоа вашиот доктор може да ви препише користење на експекторанси (лекови кои ја олеснуваат кашлицата) за да се исфрли секретот.
Земањето на дополнителни течности помага да се задржат повеќе течности во плунката и овозможула полесно исфрлање на секретот. Исто така прегорениот шеќер (карамел), салепот или чајот од бел слез помагаат при исфрлување на секретот. Не е важно каков вид на течност пиете, иако чајот, супата и други топли течности може бидат подобри од ладните, затоа што топлите течности ја намалуваат иритацијата на грлото. Можете исто така да користите парење со топла вода. Наполнете еден сад со топла вода, додатете неколку капки еукалиптиус, нане или масло од рузмарин, прекријте се со крпа над садот и инхалирајте. Ова ќе помогне во смирување на воспалението на горните дишни патишта. Исто така, гаргара со морска вода може да го намали воспалението.
Full transcript