Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Поделба на литературата по родови

Презентацијата е изработена за ученици од шесто одделение.Музика:Black-Wonderful life
by

Розе Китроз

on 16 September 2014

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Поделба на литературата по родови

Поделба на литературата по родови
(според внатрешните својства на литературните дела)

Епика
Литературен род во кој се раскажуваат настани ,а како носители на идеите на авторот се јавуваат ликовите.Епските дела се пишуваат во стихови и проза.
Драма
Во драмата главен белег е дејството.Драмата прикажува.Таа е во тесна врска со театарот,односно се изведува на сцена пред публика.Најважен е дијалогот меѓу ликовите кои се носители на драмското дејство.
Лирика
Лирска песна
Испраќање на јагулите
-Србо Ивановски
Додека седевме
чекајќи јагулите да заминат
ѕвездите бдееја високо
секоја кон својот мрак
свртена.

Се разминуваа меѓу себе далечините
како птици исплашени
од разбудените темнини.

Не знам каде ќе запрат јагулите
во која вода ќе истече
нивното минато
но тие ја знаат патеката
на својот сон
ја имаат упорноста што ќе им го
покаже патот на враќањето.

А ти имаш глас
што ќе ги опточи далечните брегови
за да се врати оплоден
во едно друго време.
Нека биде видлив барем онолку
колку и сребрената патека на полжавот
што на свежата дланка на утрото
кревко но упорно светка.
Лирика
Литературен род во кој се изразуваат чувствата ,мислите и расположенијата на поетот.Лирските дела се пишуваат во стих.
Епика
Расказ за градот
-Влада Урошевиќ
Зиме во Скопје доаѓаат, појдени оддалеку, од морето, летајќи нагоре, по долината на реката, привлечени којзнае од што, галебите. Зошто доаѓаат тука – никој не знае.

На бреговите лежат нечисти дамки од снег, реката има боја на чад, а во влажно-синкавиот воздух блеснуваат замавите на нивните крилја како некаква воздушна измама. Впрочем, никој не ги забележува: на кејовите нема шетачи, ретките минувачи брзаат не гледајќи ја реката. Кој би очекувал, тука, над реката огрдена од зимата, птици од далечното море?

Галебите летаат со лесно свиткана глава спроти текот на реката. Низ отворите на одводните канали нечисто-модрата вода оттечува во водата на реката. Доаѓајќи тука, галебите свртуваат во воздухот: се гледа тогаш дека опашот им е бел и дека имаат црн раб одзади по крилјата. Галебите се двоумат во воздухот, демнат. Потоа нагло паѓаат надолу (во водата на реката се покажува нивната прекршена слика) грабнуваат нешто, одлетуваат низ реката.

Тоа се повторува бесконечно долго. ...
Драма
Осумнаесетта појава
Теодос и Кева
Кева:(Однадвор)Слушам,Теодосе!Еве,идам веднаш!(Влегува)
Теодос:Што е тоа денес?
Кева:Па...па...
Теодос:Паднала,па не станала!Зошто не ме разбудивте?
Кева:Па...па...ова,(погледнува на саатот)Саатот запрел,па...
Теодос:Зошто да запре?Тоа ли е ред?Ако сум задоцнил?Ако оној Арсен...
Кева:Тој...ки...кинисал...
Теодос:Кинисал!Уф,сум задоцнил!Уф,бегај ми од пред очи ти,кукумјавко,зашто ќе те здробам како сува пиперка!
(„Чорбаџи Теодос“-В.Иљоски)
Full transcript