Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Фотосинтеза

No description
by

Lora Ki

on 24 February 2014

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Фотосинтеза

Фотосинтезата e процес во кој растенијата создаваат храна. Во него, од неоргански соединенија (јаглерод диоксид, вода и минерални соли), со помош на сончевата светлина и хлорофилот (кој го има само во растителните клетки) се синтетизираат органски соединенија (јаглехидрати, белковини, липиди итн.), кои се неопходни за исхраната на растението. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението, т.е. во оние клетки кои содржат хлоропласти (во кои се наоѓа хлорофилот).
Тек на фотосинтезата
Процесот на фотосинтезата наједноставно може да се прикаже со следнава равенка:
6CO2 + 12H2O ----------> C6H12O6 + 6O2 + 6H2O
Според тоа, фотосинтезата е сложен оксидоредукциски процес во кој се врши редукција на CO2, до степен на јагленоводороди и оксидација на водата, до степен на кислород. Оваа реакција, опишана со равенката, се одвива низ две фази, и тоа светла и темна
Постојат две фази на фотосинтеза и тие се:
-светла фаза
-темна фаза.
Светла фаза на фотосинтезата
Светлата фаза е почетна во фотосинтезата и се одвива дење (таа е светлосно зависна реакција). Таа се одвива во мембраните на тилакоидите од грана на хлоропластот, каде што се наоѓаат хлорофилните молекули. Основниот процес во оваа фаза е трансформацијата на светлосната (сончевата) енергија во хемиска. Под дејство на црвената светлина од сончевиот спектар, еден од хлорофилните електрони станува активиран, па го напушта хлорофилниот молекул.
На овој начин, хлорофилот се оксидира. Исфрлениот електрон (кој сега е богат со енергија) го прифаќаат другите специфични молекули во клетките кои служат како електронски пренесувачи. Тие молекули што го примаат електронот се редуцираат. Преминувањето на електроните од еден на друг молекул се врши преку низа на пренесувачи, кои наизменично, додека електроните поминуваат преку нив, се редуцираат и оксидираат. На крајот од овој процес, последниот пренесувач повторно го враќа електронот (сега со целосно изгубена енергија) на хлорофилот, со што тој се враќа во редуцирана состојба. Како таков, тој може повторно да реагира со светлината.
Темна фаза на фотосинтезата
Темната фаза од фотосинтезата се нарекува уште и Калвинов циклус, по името на научникот кој ја разјаснил. Со оваа фаза се опфатени хемиските реакции со кои од H2 вграден во NADPH2 и CO2 од атмосферата се синтетизираат јаглехидрати во кои е вградена и енергија. Потребната енергија за оваа фаза се добива од АТР, добиен во светлата фаза. Како основен производ од Калвиновиот циклус е глукозата од која по пат на полимеризација се добиваат полисахариди, и тоа скроб. Во оваа фаза можат да се добијат (синтетизираат) и други органски соединенија, масни киселини, аминокиселини и др.
Значење на фотосинтезата
Од сето ова се гледа дека фотосинтезата е доста важен биолошки процес, зашто преку неа се создаваат органски материи значајни за живите организми. Во него се одвиваат повеќе хемиски реакции (и процеси) кои зависат од влијанието на многубројни фактори.
ФОТОСИНТЕЗА
Full transcript