Loading content…
Loading…
Transcript

Вовед, производи и услуги

Промотивни активности

Иновации

Маркетинг стратегија

Агенти и клиенти

NBA

Конкурентски способности

Услуги

Производи

Вовед

НБА (Национална кошаркарска асоцијација) е најдобра професионална кошаркарска лига во светот, и е една од четирите Главни Северно Американски спортски лиги.

Таа е основана на 6 јуни 1946 година во Њујорк и е составена од 30 тима.

Услугите што ги нуди НБА лигата се всушност натпреварите во кошарка за кои им овозможуваат на фановите да ги следат во живо или ексклузивно преку нивната платформа која се вика NBA League Pass. Тие исто така на големите компании како што се Adidas, Nike, Wish, KIA, Coca Cola итн. им овозможуваат рекламирање преку нивните дресови, во салите и слично.

Како производ на оваа организација се сметаат билетите што ги продаваат за да се следат нивните натпревари во живо, а исто така тука се вбројува и нивната сопствена продавница која се вика NBA Store. Овде фановите можат да купат дресови, останата спортска облека, обувки и слично.

Како секоја компанија која има маркетинг стратегија, така и во NBA се прават промоции за фановите на кошарката кои го поддржуваат својот тим. Различни попусти на седиштата, гратис храна и пијалок, подарок дрес од омилениот играч се само дел од промоциите. Ако си студент, има попуст на цената на билетите. Исто така и во продавниците што се наречени “gift shops”, често може да добиете promo code со што цената на некој предмет може да се намали за 5%, 10%, во зависност од попустот. Сето тоа ги привлекува фановите да одат на натпреварите и затоа рејтингот на гледаност од ден на ден се повеќе расте.

Иновации

Големата идеја на НБА е да се доведе кошарката до фановите без разлика каде се тие или какви уреди користат. За таа цел лигата ја креираше NBA AR апликацијата и експериментираше со технологијата користејќи апликации како Snapchat. Потоа инвестираше во вирутелниот свет претставувајќи го NextVR, со што им овозможува на фановите да гледаат НБА натпревари на виртуелно кино со големина на екран. Додаде и дигитални преклопувања и графики кои им овозможуваат на фановите да добијат реални информации за статистиката на играчите и информации за натпреварите низ лигата.

Маркетинг стратегија

Бизнис моделот на НБА остварува приходи од повеќе извори: телевизија (права за емитување на НБА натпревари), спонзорства, продажба на билети и др. Спонзорите плаќаат голема сума на пари со цел да рекламираат некој нивен производ и нивните логоа може да се видат на дресовите на играчите. НБА All-Star викендот исто така е претворен во маркетинг настан за големите спонзори како StateFarm, MouintainDew и Budweiser. Важна улога играат и социјалните медиуми со тоа што им овозможуваат приход од неколку милијарди долари и за истите е задолжен менаџер. Со редовните новости и комуникацијата со фановите привлекуваат и задржуваат голема публика. НБА исто така развива партнерства со големи платформи како YouTube и Twitch.

Агенти и клиенти

Најмоќните спортски агенти се секогаш на терен со играчите и се занимаваат и добиваат најдобри договори за своите клиенти. Успехот на спортски агент може да се мери во долари, но само најдобрите агенти во NBA се во можност да ги добијат максималните договори за своите клиенти. Од скоро 3 милијарди долари плати на тимот, повеќе од 1.5 милијарди долари плати ги се однесуваат на 10-те најмоќни агенти меѓу кои се: Jeff Schwartz, Mark Bartelstein, Rich Paul и други. Jeff во Excel Sports Management се справува со кариерите на ѕвездите Nikola Jokic, Kevin Love и Khris Middleton, а додека пак Rich Paul's Klutch Sports Group ги претставува некои од најдобрите играчи на НБА како што се: LeBron James, Anthony Davis и John Wall.

Конкурентски способности

Успехот на НБА лигата се должи на квалитетот и вештините кои ги поседуваат и ни ги покажуваат кошаркарите и нивните тренери. Исто така луѓето кои се дел од маркетинг секторот постојано се трудат нивната лига да биде далеку пред конкурентите. Покрај големата плата, на играчите многу повеќе им се допаѓа да ја стекнат славата на една НБА ѕвезда, одколку да бидат едни од најдобрите кои играле на пример во Евролигата(најдобра лига на територијата на Европа). Предност пред конкурентите можеме да ги издвоиме и големите арени во кои што се играат натпреварите од оваа лига. Најголемата спортска сала моментално ја имаат Chicago Bulls со преку 21.000 столчиња за гледачите, покрај останатите кои исто така не бројат помалку од 15.000 столчиња, што се неколку пати поголеми од Европските арени. За разлика од останатите лиги, тука настапуваат и светски познати изведувачи, актери, свој настап имаат и деца со посебни потреби итн. Има и наградни игри каде некој од гледачите добива и стан, автомобил како и големи парични награди во вредност од над $500.000.