Introducing 

Prezi AI.

Your new presentation assistant.

Refine, enhance, and tailor your content, source relevant images, and edit visuals quicker than ever before.

Loading…
Transcript

Карл Попер

Отворено сознание и општество

Карл Попер

Карл Попер е еден од најпознатите современи филозофи на науката и политиката.

Карл Попер (1902 - 1994) е роден во Виена, пребегува на Нов Зеланд пред нацистичката опасност, а бил и наставник на прочуената Лондонска школа за економија.

Најзначајни дела: ,, Логика на научното истражување,, (1935) и ,, Отворено општество и неговите непријатели,,

Карл Попер

До вистината преку негирање на ставовите

Карл Попер дава коментар и прелдага како да се открива вистината. Тој вели дека треба да се тргне по споритвен пат (via negativa). Не треба директно да се докажува вистината на некоја теорија, за тоа би биле потребни бесконечно многу малечки докажувања, примери од искуството итн, кои не прават ништо.

Посуштествено е ако се побива точноста, ако се успее во побивањето, теоријата не е точна, а ако не се успее и се додека не се успее, треба да се смета дека е точна - вистинита.

Како пандан на верификацијата како постапка со која се докажува вистинитоста, својот предложен став Попер го нарече фалсификација - докажување на неточноста.

Попер го критикува и позитивизмот, а е противник и на неопозитивизмот. Тој инсистира на демаркација, на разграничувањето меѓу научните и обичните животни ставови.

ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО

Карл Попер е и еден од водечките мислители на либералзмот во современата епоха. Неговото дело ,, Отвореното општество и неговите непријатели,, е едно од најзначајните светски политички дела. Во него тој покажува дека слободата и правата на единката се најважни за добра заедница и добро живеење.

Попер е критичар на секој догматизам, тоталитаризам и на сите идеологии. Посебно ги критикува идеологииите на затворено општество, според кои може да се создаде идеално општество во форма на затворен систем. Попер се застапува за отворено општество, кое нема да биде водено од некоја идеологија, во кое би вирееле различни интереси, во кое човекот би бил слободне и би се однесувал онака како што верува дека е добро за него и неговите блиски.

Отворено општество

Критика

Карл Попер во неговото дело ,, Отворено општество и неговите непријатели,, посебно ги критикува погледите на тројца меѓу најзначајните филозофи кои со своите учења афирмираа антилиберални позиции - Платон, Хегел, Маркс.

- Платон го критикува заради идејата дека општеството траба да биде суредено во слоеви и со него да управауваат избраните и низ студии подготвени - филозофи (тоталтарана праведност).

- Хегел го критикува заради апсолутизацијата на улогата на државата во животот на луѓето и заради идеализирањето на покорноста на единката кон владетелот. (трибализам-племенски дух)

- Маркс е критикуван заради идеализацијата на работничката класа, која колективно треба да завладее над целото општество, негирајќи ги сите други, што суштествено води кон унификација на милсењето и кон диктатура над сите луѓе. Поер нив ги нарекува,, негативни пророци,,

Критика на Попер

Learn more about creating dynamic, engaging presentations with Prezi