Introducing
Your new presentation assistant.
Refine, enhance, and tailor your content, source relevant images, and edit visuals quicker than ever before.
Trending searches
Еден од клучните партнери на Vertex е Entrada Therapeutics со цел за откривање и развој на интрацелуларна ендозомална терапија за лекувањње на миотонична дистрофија тип 1
Клучните активности со кои Vertex се занимава е пред се фокусот на откривање, создавање и развој на нови иновативни медицински лекови со цел да овозможат подобар живот на луѓето кои се болни од сериозни и тешки болести.
Клучните ресурси на Vertex за да ги креира сопствените вредности се финансиските како и човечките ресури потребата да вработи врвни и интелектуални научници.
Услугите кои Vertex ги пружи на своите пациентите е лесната достапност на нивните производи ширум разни географски области , задоволувајќи ја потребата за да ги купат истите.
Основните вредности го водат менталитетот на компанијата насочен кон пациентот. Вредноста на нивната бескомпромисна посветеност кон пациентите е воедно причина за нивното разбирање важноста да оди подалеку во истражувањето и развојот на нови лекови. Компанија која секојдневно работи со цел да се осигура дека нивниот главен фокус е адресирање на доживеаните искуства на луѓе со сериозни болести.
Каналите за пристап до клиените се едни од најзначајните , со кои компанијата одлучува на кој начин ќе остварува комуникација со своите клиенит. А Vertex најголем дел ова го остварува преку својата веб-страна.
Vertex како компанија тежнее да таргитира клиенти кои што се луѓе кои боледуваат од разни болести.
Трошоци за авторски права
Продажни, општи и административни трошоци
Трошоци за продажба
Најголем дел од трошоците од бизнисот на Vertex произлегуваат имено од
ресурсите неопходни во полето на истражување и развој на нови лекови.
Трошоци за истражување и развој
Начинот на којшто оваа компанија го генерира својот приход е преку
продажбата на своите производи , односно лекови. А, исто така друг начин кој придонесува кон зголемување на приходите на компанијата е маркетингот
Иновативноста на Vertex е една од основните вредности на компанијата која се простира низ целиот бизнис. За ова говорат самите научници на компанијата кои ја прифаќаат иновацијата – без разлика дали станува збор за нови технологии или соработки во комбинација со внатрешна експертиза – со амбиција да го олеснат и подобрат животот на своите пациенти преку развој на иновативни лекови.
Во Vertex владее одлична култура со различност во однос на лидерството и помеѓу самите вработени
“Производство на лекови за кои веруваме дека ќе имаат трансформативно влијание за пациентите со сериозни болести со цел да донесеме лек со релативно мал буџет за продажба и маркетинг и да го реинвестираме огромното мнозинство од приходите од нашите производи во истражување и развој.“
“Нашата мисија е да инвестираме во научни иновации за создавање трансформативни лекови за луѓе со сериозни болести со фокус на специјализирани пазари.
Фокусирани сме на откривање,развивање и донесување иновативни лекови за луѓето со сериозни болести за да можат да водат подобар живот.“
“Во текот на следните 30 години,третманите ќе се движат подалеку од адресирање на симптомите на болеста и всушност ќе ја спречат и целосно ке ја излечат.Ќе развиеме персонализирани терапии прилагодени на поединецот.Во Vertex,нашата диференцирана стратегија е да инвестираме во научни иновации за создавање трансформативни лекови за луѓе со сериозни болести на специјализирани пазари.Ние ги фокусираме нашите напори на научни иновации,бидејќи веруваме дека тоа е единствениот начин да се создаде вистинска вредност во оваа индустрија.“
Тимот на Vertex
Хиерархијата на менаџери на компанијата Vertex е поделена на Одбор на директори, Главен извршен директор и извршен тим, и Лидерски тим.
Претседателот и извршниот директор, Решма Кевалрамани, последните 15 години ги има посветено на својата кариера, подобрување на животот на пациентите со помош на развој на нови лекови. Со Д-р Кевалрамани на чело, Vertex унапредил голем број програми, како бубрежни заболувања посредувани од APOL1, српеста анемија и бета-таласемија. Сите три тимови имаат подеднакво по 9 членови.
Извршниот тим има богато искуство во академијата, со фокус на генетиката од Харвард Универзитет.
Лидерскиот тим има долга историја на искуство во областа на генетиката. Тимот вклучува членови кои работеле како професори на престижни универзитети, како и членови кои биле на високи позиции во различни компании. Ова искуство му дава на тимот широко знаење на кое треба да се потпира при донесување одлуки за компанијата.
Vertex има поминато низ многу успеси, но и неуспеси. Почнувајќи со Incivek, лек за хепатит Ц, кој бил брзо прифатен од пазарот. По само неколку години, бил заменет со дупло поуспешен лек од друга компанија. Како тогаш Vertex стана една од највлијателните компании денес? Се истакнува една работа: Диверзификацијата е исклучително важна. Доколку целата иднина на Vertex била поврзана само со успехот на Incivek, за брзо ќе исчезнела.
Vertex биле спасени со својата стратегија да бидат инволвирани во повеќе активности истовремено. Посветеноста на Vertex да го диверзифицира бизнисот ја претвори компанијата во доминантен играч на пазарот на Цистична Фиброза. Таа денес е подготвена да го прошири своето водство во CF, како и да го прошири самио бизнис најскоро што може.
Со оглед на тоа што Vertex се има сретнато со голем број конкуренти низ годините, компанијата има совладано многу пречки и има стекнато стратегии за како да се соочи со конкурентски закани.
Едни од најсилните конкурентски квалитети што ги поседува Vertex се издржливоста и трпението. Доколку тие се откажеле веднаш после Incivek, нивниот прв неуспех, тогаш не би го имале она влијание кое го имаат денез врз медицината и милион пациенти.
Компанијата стратегиски гради пристап до пазарот, поддршка од пациентите и создава тимови. Поседуваат силна иновациска култура и итност со искрена посветеност на пациентите – нешто што не секоја компанија може да го каже.
Со самодоверба, Vertex се убедени дека можат да ја зачуваат својата позиција на пазарот, се додека продолжат со нивната посветеност и автентичност.