Introducing
Your new presentation assistant.
Refine, enhance, and tailor your content, source relevant images, and edit visuals quicker than ever before.
Trending searches
Во синиот контејнер ги фрламе отпадоците од ХАРТИЈА .
Тоа може да бидат весници, списанија, брошури , книги, хартија за пишување, за забелешки и др.
Интересно е да се знае дека хартијата од весници може да се рециклира најмалку 7 пати.
Го запираме загадувањето на околинта.
Ја чуваме природата.
Имаме убав и здрав живот.
Ја заштитуваме шумата и другите суровини.
Штедиме струја и вода.
Ја намалуваме количината на отпадоците.
ОПАСНИ ОТПАДОЦИ – стари батерии , стари мобилни
телефони , масло , бои и лекови. Лековите треба да ги фрламе на посебни места.
ЕКОЛОГИЈА - e наука која се занимава со проучување на односите меѓу живите суштества и околината. Зборот екологија настанал од грчкиот збор: oikus = куќа,дом и logos = збор , знаење , наука
РАЗГРАДУВАЊЕ – процес на распаѓање и претварање на био отпадоците в
о ѓубриво / humus , гној /
ОКОЛИНА – природно опкружување / светлина , земја , вода ,растителен и животински свет како и опкружувањето што го создал човекот.
OТПАД – Oтфрлени предмети и ствари кои веќе не ни се потребни.
ОПАСЕН ОТПАД – oтпад што може да предизвика штетни последици за здравјето на луѓето.
ЃУБРЕ-e oтпад што не може да се искористи.
РЕЦИКЛИРАЊЕ – постапка на собирање на oтфрлени производи, нивно разделување и преработка во нови материјали
за производство на нови производи.
Контејнерите за Лименки се со сива боја.
Лименките и конзервите се прават
од алуминиум и челик. Можат бесконечно многу пати да се рециклираат.
БИО ОТПАДОЦИ – сува трева, лисја ,
остатоци од овошје и зеленчук , стар леб и остатоци од храна . Овие отпадоци ги оставаме да се распаднат и ги користиме како ѓубриво за растенијата. Ваквото ѓубриво е поздраво и подобро одколку вештачкото ѓубриво.
Старите предмети искористете ги за други намени.
Kористите стаклени шишиња што можат да се вратат.
Ставете насекаде наоколу канти за одделено фрлање на отпадоци.
Оделете ги био отпадоците.
Старите лекови чувајте ги на
сигурно место.
Kористете батерии кои
повторно се полнат.
Зборот РЕЦИКЛИРАЊЕ(RECYCLE) настанал од зборовите :
RE + CYCLE = повторно кружење
СИМБОЛОТ за рециклирање се состои од три стрелки кои означуваат:
Собирање
Повторна преработка
Повторна употреба
За купување користете ги
платнените кесиња или кошнички , а не пластичните кесиња.
Ја загадуваат природата.
Го доведуваат во опасност човечкиот живот.
Ги уништуваат растенијата и животните.
Се шират заразни болести.
Можат да бидат запалливи и да предизвикаат пожари.
Во секое домаќинство се собира многу ѓубре
Мораме да се погрижиме тоа ѓубре, да го има што помалку.
Тажно е што некои возрасни и деца често ѓубрето го фрлаат во околината. Така ја загадуваат природата.
Да научиме како се можеме да ја намалиме
количината на ѓубрето и да ја зачуваме природата.
РАСПАЃАЊЕ-СКАПУВАЊЕ
ПЛАСТИЧНИТЕ ОТПАДОЦИ се собираат и фрлаат во жолти канти .
Дома се собираат и се носат на одредени места во складишта.Од таму се праќаат во фабриките за преработка.
Стакло - 1000 години.
Пластична кеса - 100 – 1000 години.
Лименки – 10 - 100 години.
Весници – 3 – 12 месеци.
Гризанки од јабока
– 3 – 6 месеци.
Стиропор – никогаш.