Loading presentation...
Prezi is an interactive zooming presentation

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Филозофијата на Рене Декарт

No description
by

Ana Marija Simonoska

on 22 April 2015

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Филозофијата на Рене Декарт

Рене Декарт,истотака познат и како Картезиус,француски математичар, научник и филозоф, се смета за основач на современата филозофија и татко на аналитичката геометријa. Развил дуалистички систем во кој ги разликува мислата, чија суштина е размислувањето, и материјата - чија суштина е проширувањето во три димензии. Неговата метафизика е рационалистичка, но неговата физика и физиологија се емпириски и механистички. Како математичар ја реформирал алгебрата и ги поставил основите на аналитичката геометрија.
Вовед
Учење
-Нов рационализам

Рационализмот како втора линија на нововековната методолошка иновација ја развил Рене Декарт.Тој побарал сигурно сознание и го нашол во примената на новиот рационален метод на сознавањето..Декарт е прочуен застапник на рационалистичкиот правец - кој смета дека умот е најзначајното човеково својство и најголемо човеково благо и дека за човекот е најважно да го следи и да го користи умот,умот му овозможува на човекот да се снајде во животот и да постигне сознание и успех.
-Две супстанци-духовна и телесна
Кога сме утврдиле дека ние постоиме,треба да се прашаме што е во основата на нашето постоење.Декарт утврдува дека независно од нас има нешто коешто со самото себе си го потврдува своето постоење.Тоа е нешто што се воспоставува самото себе и е доволно за себе.Според филозофската традиција тоа нешто се нарекува супстанција,која е носител на постоењето и на својствата. Декарт посочува три такви суштествени нешта : мислечка реалност на своето битие(духовна супстанција),супстанција која се распростира(материјална супстанција) и бескрајна супстанција на сета реалност (Бог).Само Бог си е самодоволен,двете други супстанции зависат од бога и не се крајно совршени. Но тие две супстанции тоа се човечка и светска реалност. Квалитетот на духовната супстанција е мислењето,а на материјалната-распростирањето.Од овие две супстанци е напраено се,особено човекот.Човекот е компониран од дух и тело.Така кај Декарт имаме дуалистичка концепција(две супстанци). Телесноста значи заземање простор,но за да се движи телото потребно е нешто да го раздвижува однадвор,тоа е духовноста.
Живот
Рене Декарт e роден на 31 март 1596 година во Ла Еј во Франција. Имал мирно и исполнето детство, иако мајка му починала кога имал само 7 години, а татко му повторно се оженил, па воспитувањето на Рене им било препуштено на баба му и дедо му. Благодарение токму на дедо му, Декарт од мали нозе се запознава со основите на науката и филозофијата.Образованието го стекнал во Ањон.Ги истражувал езотеричните знаења, а особено бил инспириран од розенкројцеровците, со кои делел многу цели и животни навики: живеел сам, често менувајќи го местото на живеење (во текот на 22-годишниот престој во Холандија сменил дури 18 адреси), барал начини со кои човечкиот век би се продолжил и покажувал оптимизам во поглед на способноста на науката да ги подобри човечките услови за живеење. Ковчегот преполн со лични белешки, кој со тестамент му го доверил на својот близок пријател Корнелие, денес е загубен.Чешката принцеза Елизабета влегува во животот на Декарт. Од почеток скептичен,Декарт го прифаќа пријателството, и така почнуваат допишувањата долги седум години, сè до неговата смрт. Во овие допишувања се преплетуваат најсложените филозофски проблеми со лични видувања на настаните, обичаите и навиките на тоа време.По само неколку месеци секојдневно престојување во студената зима во ледениот двор, Рене Декарт се разболел и умрел од воспаление на белите дробови, во својата 54-та година.
,,мислам, значи постојам''
Филозофијата на Рене Декарт
Декартов систем
Најзначајни дела му се : ``,,Расправа за методите``,,Медитации`` и ,,Принципи на филозофијата``.А воглавно тие дела го сочинуваат Декартовиот систем.Испитувањето на еден дел се надоврзува со испитувањето на претходниот дел.
Има четири основни методолошки правила кои ги поставува Декарт :
1) Не прифаќај ништо за вистина што не е јасно само по себе.
2) Подели го проблемот на неговите прости делови.
3) Реши го проблемот тргнувајќи од наједноставните кон сложените делови.
4) Повторно испитај го претходното резонирање.
По самиот Декарт,првото правило ни кажува дека треба да ти почитуваме законите на својата држава и обичаите на религијата на која сме воспитани,второто ни кажува дека
треба да бидеме конзеквентни во делењето,третото кажува да се биде умерен во барањата кои го содржат материјалниот живот,и четвртото апсолутно се однесува на Декарт бидејќи одлучил да го посвети целиот живот на откривање на научната вистина.
Основните дефиници кои Декарт ги поставува во своите принципи се однесуваат на следниве поими : -јасно и очигледно
-супстанција,атрибут, и начин
-реалност
-видови на егзистенција
Јасна
ја нарекол претставата која била присутна и отворена во внимателната душа.
Очигледна
ја нарекол претставата,која со својата јаснотија од се друго е одвоена и одредена дека јаснотијата е во сама себе.Под
супстанца
,вели Декарт,разбирам работа која така егзистира,така што при нејзина егзистенција не употребува никаква работа.Под
атрибут
,се разбира особина на некоја работа,она што ја објаснува.Но меѓу особините кои објаснуваат нешто,постои една основна и главна,таа се нарекува атрибут,а се останато е модус на тој атрибут.Пет се основни : родот,видот, разликата, специфичноста и случајноста.Декарт особено ја испитува разликата и ја дели на три видови : реална разлика,модална разлика и релациона разлика.На основата на своите дефиниции Декарт кажува дека постои само една и единствена супстанца,а тоа е Бог.Бог е апсолутна супстанца,која апсолутно не зависи од никого.
Значењето на Декартовиот систем
За да го одредиме значењето на Декартовиот систем треба да разгледаме четири моменти кои ја прават таа филозофија епохална.
-Декарт ја победил сколастиката така што авторитетот на разумот го ставил над авторитетот на верата и откривањето.Неговата намера била да ја одвои филозофијата од религијата,но никако немал намера да ја негира религијата.
-Декарт претставува татко на точната филозофија,бидејќи прв пат точно го одредува поимот дух,со идентификување на свест.
-Декарт го решава првиот основен филозофски проблем : проблемот на односот меѓу материјата и духот
-Декарт покрај Галилео е основач на модерната механичка природна наука.Не само што го поставил принципот на природните науки,туку пробал и да го изведе.
Следбеници,противници и современици на Декарт

-Следбеници
Со толку многу нови идеи и нови перспективи,ја донесоа филозофијата на Декарт за кратко време владејачка.Најпознати меѓу следбениците на Декарт во Франција се Арно,Режис и Рохо,во Германија Бекер,во Велика Британија картезијанството го пренесувал Ле Гран итн.

-противници
Меѓу противниците на Декарт најзначајни се самосталните мислители Гасенди и Хобс.Гасенди е против декартовиот став cogito ergo sum (мислам значи постојам) затоа што тоа би било можно да го заклучиме и преку други дејствија дека ние постоиме

-современици
Меѓу современиците на Декарт и неговата школа најважни се Паскал и Бел,кои во голема мера се поддржувачи на картезијанството.
Заклучок
Идеите на Декарт биле толку нови и влијателни што тој стана еден од најзначајните европски и светски мислители.Тој е основоположник на современиот рационализам-не се покорувал на ниеден друг авторитет освен на силата на природната светлина на разумот. Декарт се сомнева во секоја вистина заснована на авторитет и во секоја вистина заснована на сетилата, зашто тие лажат; и не верува ни во сопствениот разум, зашто и разумот може да нè измами.Рене Декарт на целиот универзум му припишува математичка основа, сведувајќи ги сите изучувања на научни. Иако многу нешта земал произволно, потпирајќи се исклучително на идејата нешто да важи само врз основа на неговото верување дека тоа е така, сепак Декартовата теорија била многу значајна зашто ја насочила науката во тоа време.
Користена литература
-Petronijević B., Istorija Novije Filozofije/NOLIT Beograd,1982 god.
-Сидовски С.,Темков К.,Филозофија/учебник за IV година реформирано гимназиско образование/Просветно Дело АД Скопје,2009 год.
-www.mkd.mk
-Google
Куќата на Рене Декарт
Рене Декарт и чешката принцеза Елизабета
Изработи :
Ана Марија Симоноска

Ментор :
Викторија Маневски
Full transcript