Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Untitled Prezi

No description
by

Nadica Vanova

on 20 November 2013

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Untitled Prezi

Различни индустрии имаат рутински процеси на пелетизација од почетокот на производството на честички со дефинирани големини и форми, како одговор на желбата да се одржи ослободувањето на лекот за подолг временски период.
Во 1964 година, нова техника за пелетизација која обезбедува пелети со продолжено ослободување кои се движат во големина помеѓу 0,25-2,0 mm била патентирана од страна на SKF. Во исто време, Marumerizer или Spheronizer бил комерцијално претставен.
Процесот на екструзија/сферонизација може да се објасни/опише како: сувo мешање на состојките за да се постигне хомогена прашкаста дисперзија во одредени концентрации на влага со цел за да се произведе доволно пластична маса, а потоа со екструзија да се формираат цилиндрични форми на честички со униформен дијаметар. Со овој процес се преведуваат овие цилиндрични форми на честички во сферични честички со тесна дистрибуција по големина. Ова е проследено со сушење за да се постигне саканата финална содржина на влага и конечен скрининг за да се добие саканата големина на сфери / пелети.
Студиите покажале дека разликите во воедначеноста на сфероидите се поврзани со видот и начинот на екструзијата како процес во соодветен екструдер. Параметри, како што се
морфологијата, големината на дистрибуција, порозноста, сферноста
итн влијаат на
крајниот изглед
, додека формулациските параметри, како што се
присуството и отсуството на растворливи или нерастворливи материјали/дилуенси, површински активни материи, рН регулатори, масата на активната компонента, соодносот на ексципиенсите и активната компонента
влијаат на
конечната фармацевтски дозирана форма.
Фармацевтски дозирани форми со различен систем на модифицирано ослободување кои во својата производствена постапка вклучуваат
екструзија
и
сферонизација
како технолошки процеси
Екструзија и сферонизација
Процесот се користи за производство на пелети кои содржат повеќе од 90% активни фармацевтски производи, под услов физичко-хемиските својства на лекот и другите формулациски состојки да се оптимални. Директната фармацевтска примена на процесот за развој на пелети за првпат била објавена во литературата во почетокот на 1970-тите и оттогаш процесот е предмет на интензивни истражувања
Сферонизација
Сферонизацијата позната и како марумеризација е третата фаза при изработката на пелети. За време на овој процес цилиндричните екструдати(од претходната фаза) се преведуваат во сфери. сферонизација започнува со процес на обликување во кој влажната маса е ставена во екструдер каде што континуирано се формираат цилиндрични форми со еднаква големина. Износот на гранулираната течност и еднаквата дисперзија на течност игра важна улога во подготовката на влажна маса, како што и оптималната пластичност и кохезијата директно влијаат на крајното производство на пелети. Откако екструдатите се подготвени, тие потоа се носат во сферонизер каде што се сферонизирани или ротирани со поголема брзина со помош на плочи кои што ги кршат цилиндричните форми во помали честички и ги ротираат за да се формираат сфери. Големината на сфероидите главно зависи од дијаметарот на кружниот калап
screw-fed extruders
Екструдерите со механизам на завртка ротираат околу хоризонтална оска, и оттука го транспортираат материјалот хоризонтално. Овие екструдери може да бидат аксијални и радијални. Аксијалните екструдери имаат плоча позиционирана аксијално, подвижна зона, зона на компресија и зона на екструзија. Температурата на продуктот се контролира во текот на процесот на екструзија со обвиткани цевки. Кај радијалните екструдери зоната на транспорт е кратка и материјалот е екструдиран радијално преку екрани монтирани околу хоризонтална оска со завртки.
gravity-fed extruders
Гравитациските екструдери вклучуваат цилиндрични ротари (еднонасочно движење) и цилиндрични ротари кои ја менуваат својата насока. Се разликуваат во дизајнот на двата спротивно ротирачки цилиндри. кај ротациониот цилиндричен екструдер еден од цилиндрите е шуплив и перфориран додека другиот има улога на ролер кој притиска. Во rotor gear постојат два шупливи контра ротирачки цилиндри кои се перфорирани.
ram extruders
Рам екструдерите содржат клип кој дислоцира и се претпочита негово користење во текот на развојот од формулацијата бидејќи е дизајрниран за да се овозможи мерење на реолошките својства на формулациите.
За време на првиот контакт на цилиндричните гранули со плочата за триење, екструдатите се сечат во сегменти со должина од 1-2 половини од нивниот дијаметар. Овие сегменти потоа се судираат со ѕидот на садот и се исфрлаат назад на плочата за триење. Центрифугаланата сила испраќа материјал надвор од дискот. Потоа се овозможува екструдатите да се разложат на парчиња со приближно еднаква големина. Овие цилиндрични сегементи постепено се заоблуваат како резултат на судирот со ѕидот на садот и плочата како и меѓусебно. Како резултат на континуираното судирање на честичките со ѕидот на садот и плочата постепено се конвертираат цилиндричните сегменти во сфери под услов екструдатите да се доволно пластични за да не се уништат или залепат меѓусебно. Кога честичките ќе го достигнат соодветното ниво на сферност се испуштаат од сферонизерот.
Екструзија
Екструзија е метод на примена на притисок на маca додека таа тече низ отвор. Eкструдерoт користи една завртка, да го развие потребниот притисок, да го принуди материјалот да тече низ униформен отвор, за производство екструдат. Оваа операција е главен фактор што придонесува во финалната големина на честички.
Во текот на процесот се прво се формираат екструди од прашкастиот материјал, па истите со сферонизер се преведуваат во сферична форма со големина до 0.6мм.
екструдерите се разликуваат во дизајн-карактеристиките и операционите процеси. денес во технологијата се класиицирани како
screw-fed extruders,
gravity-fed extruders и
ram extruders.


Типично време на задржување во сферонизаторот за да се добијат сфери е 3-8 минути.Оваа вредност е најдобро утврдена со извршување на едноставни испитувања на производот. Генерално со подолго време на сферонизација се добиваат перфектни сфери на сметка на создавање на прашина, додека со намалување на времето се намалува и количината на прашина значително. Доколку не е потребно да се добијат совршени сфери а целта е да се намали прашината, пократкото време на обработка ќе овозможи кршење на екструдатите во мали сегменти и заоблување на рабовите.
Со избор на соодветни ексципиенси и со контролирање на останатите параметри важни за процесот, сферите може да бидат произведени со било која од двете техники. Во зависност од формулацијата, една од постапките може да биде посоодветна од другата и изборот треба да се направи по спроведување на соодветни испитувања со користење на двете техники.

Апликативноста на екструзија/сферонизација процесот е голема, примарно се користи за добивање пелети со контролирано ослободување на ЛС. Овие пелети можат да се пакуваат во
тврди желатински капсули
или пак да се компримираат во форма на
таблети,
чие што компримирање не смее да ја оштети пелетната обвивка. Уште поинтересна примена на пелетите е
субкутаната
и
интрамускулната
администрација и имаат огромен потенцијал како депо формулации користејќи
биоразградливи полимери
Физичко-хемиските својства и на лекот и на ексципиенсите се од суштинско значење за успешен развој на производите во вид на пелети и затоа треба да бидат темелно испитани. Ексципиенсите не само што влијаат на интеракциите на физичките и механичките сили, туку влијаат и на растењето на пелетите произведени со различни процеси.
врзувачи/ индуктори на агломерација
антиадхезиви
пластификатори
лубриканси
pH модулатори
сурфактанти
Процесни варијабли
Брзина на мешање
Растворувач
Температура
Вискозитет
Толтеродин тартарат
Фармацевтска формулација со контролирано ослободување која содржи јадро во кое е инкорпорирана активната компонента толтеродин или нејзини соли, помошни ексципиенси и обвивка со брзизинско контролирачки полимери, намената при третман на хиперактивност на мускулите на мочниот меур.
Доаѓа во облик на
капсули
достапни со јачина од 2 и 4 мг кои се дозираат еднаш дневно. Активната компонента е толтеродин во форма на растворлива сол толтеродин тартарат. Толтеродин е компетитивен мускарински рецепторен антагонист и всушност претставува прв антимускарински агенс специфично наменет за хиперактивност на мускулите на мочниот меур.
Секоја обложена пелетна единица се состои од јадро, прва обвивка и втора обвивка. Првата обвивка препокрива најмалку една порција на јадрото и вклучува еден или повеќе
хидрофилни полимери
како и толтеродин, втората обвивка препокрива најмалку една порција од првата и вклучува еден или повеќе полимери ефективни за контролирано ослободување на толтеродинот од првата обвивка.
Процесот на изработка на оваа формулација вклучува екструзија и сферонизација на измешаните со прочистена вода,
толтеродин тартарат,

микрокристална целулоза
и
HPMC
и добивање на пелети од таа хомогенизирана смеса.
Сувите пелетни јадра се обложуваат со обложувачки дисперзии кои се подготвени со дисперзија на
етилцелулоза
во прочистена вода, на која се додава воден раствор на претходно припремена
HPMC.
Подготвената полимерна дисперзија на етиллцелулоза и HPMC (12:1) е употребена за обложување на пелетното јадро со употреба на флуид бед машина, така што полимерната обвивка на самата пелета ќе изнесува 10% од нејзината вкупна тежина. Понатаму овие пелети се пакуваат во
тврди желатински капсули.
Дилтиазем хидрохлорид
Тој е бензотиазински антагонист на калциумовите канали. Индициран е за ублажување на хронобиологијата на ангина пекторис.
Хронотерапевтски систем
се однесува на клиничката употреба на сферонизирани лекови како delivery-системи, кои одговараат на циркадијалниот ритам на телото, вклучувајќи ги и состојбите на болеста, истовремено овозможувајќи максимум бенефит и минимум болка.
Користена е водена екструзија и сферонизација за да се добијат пелети со јадро од Diltiazem hydrochlorid. Сувата маса на DH и
МСС
се мешаат во “rapid mixer granulator” 10мин. Униформната сува смеша се гранулира со воден раствор на
PVP K-30
. Сега веќe влажната маса се екструдира веднаш по гранулацијата низ матрица со 1мм дијаметар на отвори во “gravity fed cylinder extruder”. Формираниот екструдат веднаш се сферонизира во сферонизер вклопен со радијален жлеб и се суши во печка на Т-50°С 48 часа.
Процесот на обложување на пелетите се одвива во автоматско обложувачко сито.
рН – зависните системи се едни од наједноставните и практични, со кои се намалуваат ефектите од варијациите во ГИ – транзит. Се користат рН-зависни растворливи полимери –
Еudragit
products (S-100, S, FS, P), кои се раствараат на рН поголема од 7, а таа рН ја започнува во колонот.

Триетил цитратот
како хидрофилен пластификатор, ја инкорпорира водата во околу 5% и оневозможува фазна сепарација помеѓу полимерот и пластификаторот.
Венлафаксин хидрохлорид
Venalafaxine хидрохлорид е антидепресив кој се користи за третман на разни ментални нарушувања и тоа најчесто за третман на депресија делувајќи преку механизмот на инхибиција на пренос на невротрансмитерите. За да се подготват пелети со контролирано ослободување се применува постапка на обложување (со еден или два слоја). Контролираното ослободување се постигнува со изработката на пелети со методот на екструзија и сферонизација и обложување со хидрофобен восок (кој има ниска точка на топење) и хидрофилни полимери (како агенси за поспоро ослободување). Системот спаѓа во група на
матрикс системи
каде лековитата супстанца е присутна во количество многу поголемо од нејзината растворливост. Кај овие системи лековитата суспстнца се наоѓа дипергирана во матриксот околу кој се наоѓаат
хидрокси пропил метил целулозата и етил целулозата.
Азитромицин
Азитромицинот е полусинтетски кислениско-стабилен дериват на еритромицниот како антибиотик со широк спектар на дејство и подобрени фармакокинетски карактеристики. Конвенционалните формулации имаат поизразени несакани ефекти, како резултат на повисоките плазматски концентрации. Со помош на процесите екструзија/сферонизација се добиени мулти јунит партикли со сферична форма, добри проточни карактеристики со контролирано ослободување и поголема униформност на дозата. Модифицираното oслободување се постигнува со инкорпорирање на полимери кои го пролонгираат ослободувањето на активната компонента врз основа на своите карактеристики, како на примр:
етил целулоза, акрилатни полимери, цитозан и глицерол моностеарат.
Компонентите се мешаат во полиетиленска кеса, проследено со градиентно додавање на одредено количество на свежо подготвен раствор на врзувач, со цел да се подготви влажна маса, која се екструдира и сферонизира. Пелтите се компресирани користејќи таблет машина, без притоа да дојде до нивно големо оштетување. Во однос на дисолуцискиот профил се покажало дека ослободувањето соодветствува со моделот на Higuchi и кинетиката од прв ред.
Full transcript