Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Излачување на материите

No description
by

Jovana Taneska

on 5 March 2011

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Излачување на материите

Излачување на материите Излачување и значење на излачувањето Во организмот на човекот Во организмот на човекот од неговата вкупна тежина има 50% до 70% вода. Овој процент е најголем кај младите, слабите и мускулестите луѓе. Како што се зголемува количеството на масти во организмот, а човекот старее процентуалната застапеност на водата во организмот се намалува. За живите клетки, водата е важна како растворувач, пренесувач и учесник во метаболитичките процеси. Во водата се растворени различни соли, хранливи материи, гасови, отпадни материи и посебни материи, како што се ензимите и хормоните. Секогаш кога волуменот или хемискиот состав на овие течности се менува, тоа е знак дека во организмот има проблеми.
Постојаноста во телесните течности се одржува на следниве
начини:
- механизмот за жед ја одржува водата на постојано ниво;
-бубрежната активност го регулира волуменот и составот на телесните течности;
-хормоните, што служат за регулирање на волуменот на течноста и електролитите.
- регулатори на Ph. Составни делови на течноста
Телесните течности се групирани во два основни дела:
- клеточна течност- која се наоѓа во клетките. Во оваа категорија спаѓаат од околу две третини до три четвртини од сите телесни течности;
- вонклеточна течност- ги вклучува во себе сите телесни течности надвор од клетките. Во оваа група спаѓаат: крвната плазма, лимфата, течноста сместена во просторите меѓу клетките на ткивата низ целото тело и течноста во посебни делови, како што е течноста меѓу мозочното ткиво, очната водичка и течноста во стаклестото тело на окото. Примање и исфрлање на водата
Кај здравите луѓе количеството на примената вода е приближно исто со она што се исфрла. Возрасните луѓе примаат околу 2500 мл вода на ден. Околу половина од ова количество доаѓа преку водата за пиење и други пијалоци, а другата половина доаѓа од храната-овошје, зеленчук и супи.
Човечкото тело од вишокот вода се ослободува на следниве начини:
- преку кожата, во облик на пот;
- преку белите дробови, како водена пареа заедно со издишаниот воздух;
- преку цревниот тракт, заедно со изметот;
- преку бубрезите, во облик на моч секојдневно се исфрлаат од 1 до 1,5 литри вода. Нарушувања што се јавуваат кај телесните течности
Ако како резултат на некои пореметувања од организмот не се отстранува вишокот на вода во тој случај прекумерно се зголемуваат течностите во меѓуклеточните простори при што се појавува оток. Состојбата на труење со вода е разредување на телесните течности во клеточните и вонклеточните делови..
Ако во организмот не се внесува доволно количество на течности, особено за време на високи температури, проливи или повраќање или пaк ако надвор е многу топло, во тој случај како резултат на намалување на количеството на вода во организот се јавува дехидратација. БИОЛОШКО ФИЛТРИРАЊЕ НА КРВТА БИОЛОШКО ФИЛТРИРАЊЕ НА КРВТА Мочоводниот систем е познат и како систем за излачување, бидејќи една од неговите
основни функции е отстранување на штетните продукти од крвта и нивно исфрлање од
организмот. Основните делови со кои одредени материи се исфрлаат од организмот се:
- мочоводниот систем, преку кој се исфрла вода, штетни продукти што содржат азот
и соли. Сите тие се составни делови на мочта;
- дигестивниот систем, со кој се исфрла вода, некои соли, жолчка и остатоци на
дигестијата и сите тие се составни делови на изметот;
- преку системот за дишење се исфрла јаглеродниот диоксид и вода;
- кожата преку потта исфрла вода, соли и многу мали количества крајни продукти. ОРГАНИ НА МОЧНИОТ СИСТЕМ Мочниот систем е составен од два бубрега, два мочоводи, еден мочен меур и
еден мочен канал. Бубрези
Двата бубрега се наоѓаат еден спроти друг во мускулите на грбот во горниот дел на стомачната празнина. Сместени се под дијафрагмата. Секој бубрег е затворен со капсула што е составена од фиброзно сврзно ткиво. Оваа капсула е една од
главните потпорни структури на бубрегот. Бубрегот е обвиткан со слоеви на масно ткиво кои имаат улога да го штитат од различни повреди, потреси и настинки. Градба на бубрезите
Бубрегот е сплескан орган со должина од 10 см,
широчина 5 см и дебелина од 2,5 см. Од внатрешната страна има една празнина наречена бубрежна чашка низ која бубрежната артерија, бубрежната вена и мочоводите се поврзуваат со бубрегот. Бубрегот е поделен на три дела: бубрежна кора, бубрежна срцевина и бубрежно легенче. Бубрежната кора е надворешниот дел на бубрегот во кој се сместени бубрежните телца - нефрони. Бубрежната срцевина има многу цевчиња што ја собираат мочта. Ваквите цевки создаваат голем број конусовидни структури наречени пирамиди. Врвовите на пирамидите
завршуваат во бубрежното леѓенче. Мочта собрана во бубрежното леѓенче потоа поминува во мочоводите и оди во мочниот меур.
Основна функционална единица на бубрегот е нефронот. Нефронот е изграден од тенки извиткани цевчиња, кои на крајот имаат проширување. Проширувањето е наречено капсула, која ги обиколува капиларите што создаваат посебна целина наречена гломерул. Еден бубрег има околу 1 милион нефрони. Доводната артериола го снабдува со крв гломерулот, а одводната артериола носи крв од гломерулот до капиларите што ги обвиткуваат цевчињата на нефронот.
Цевчестиот дел на нефронот е многукратно извиен и на крајот се влева во собирните каналчиња. Собирните каналчиња продолжуваат низ срцевината на бубрезите се до бубрежното
леѓенче. Функции на бубрезите
Во бубрезите се вршат поголем број процеси од кои најважни се:
1. Излачување на штетните материи што се крајни продукти на клеточниот метаболизам,
вишокот на соли и отрови.
2. Одржување на водената рамнотежа. Работа на бубрезите Крвта се филтрира во гломерулите
Процесите на создавање на мочта почнуваат во гломерулот. Мембраните што ги создаваат ѕидовите на капиларите во овој дел се тенки и овозможуваат водата, а со неа и растворените материи слободно да поминуваат низ нив. Во тоа помага
крвниот притисок во гломерулот кој е за околу три до четири пати поголем од оној
во другите капилари на организмот. Како резултат на тоа, материите од крвта, со исклучок на молекулите на белковините и крвните клетки, лесно поминуваат. Овој процес е наречен гломерулно филтрирање. Во капсулата на гломерулот секој ден се филтрираат од 160 до 180 литри течност, наречена примарна моч. Таа содржи вода и растворени материи во крвта. Но, само 1 до 1,5 литри течност во облик на моч се исфрла од организмот како конечна моч.
При движењето на примарната моч низ цевчињата, дел од водата и материите во неа што се потребни за организмот повторно се враќаат во крвотокот. Овој процес е наречен процес на реапсорпција. Во овој процес своја улога имаат и хормоните, особено од хипофизата и од кората на надбубрежната жлезда. Мочни канали
Двата мочоводи се долги, тенки, мускулни цевки што се протегаат од основата на бубрезите до мочниот меур. Мускулите во ѕидот на мочоводите предизвикуваат брановити
движења што помагаат во движењето на мочта. Мочен меур
Мочниот меур е краен собирен дел на мочта, сместен во карличната празнина. Кога мочниот меур е празен, мускулниот ѕид почнува да се собира, станува дебел и добива облик на внатрешен орган кој е многу цврст и без простор. Кога мочниот меур се полни, мускулниот ѕид се растегнува и тој станува голем орган со должина од 5 см, па некогаш и до 12,5 см или повеќе.
Кога мочниот меур се полни, рецепторите што се сместени во неговите мускули примаат и праќаат дразби до центарот во долниот дел на ’рбетниот мозок. Од овој центар, моторните дразби се враќаат назад до мускулатурата на мочниот меур и тој се празни. Кај децата ваквото празнење е автоматско. Со растењето на детето центрите во мозокот ја преземаат контролата над оваа рефлексна акција, преку контрола на мускулот, наречен надворешен стегач, што е сместен на излезот на мочниот меур. Моч
Мочта е жолтеникава течност составена од 95% вода и 5% растворени материи како уреа, мочна киселина, соли, распаднати делови на еритроцити и гасови. Бојата и миризбата и зависат од количеството на вода која ја пиеме и од исхраната. Кога бубрезите ќе се оштетат, ие ја губат способноста правилно да ја пречистуваат крвта. Поради тоа во мочта може да се најдат материи како што се: белковини, шеќери, еритроцити,леукоцити, кои при правилна работа на бубрезите ги нема. Нега, хигиена и заштита на бубрезите
Бубрезите се многу нежни органи кои вршат прочистување на крвта. Поради тоа треба постојано да се води грижа за правилно функционирање на бубрезите. Користењето на: пресолена, прекисела, лута храна, храна која содржи многу зачини, недоволно пиење на вода ја оштетува нежната градба на нефроните. Еднаш оштетени нефрони остануваат трајно оштетени. Постепеното нивно оштетување може да доведе до престанок на нивната функција. Ако бубезите престанат да функционираат, штетните материи остануваат во организмот и за краток временски период настанува труење. Во денешно време работата на бубрезите, по вештачки пат се заменува со посебна постапка наречена дијализа. Дијализа се врши со апарат, вештачки бубрег кој ја заменува функцијата на бубрезите. Појавата на песок или камен во бубрезите е резултат на неправилното функционирање
на бубрезите, при што минерални материи се таложат во бубрежните чашки или леѓенчето.
Нивното придвижување е пропратено со јаки болки. ГРАДБАТА И ФУНКЦИИТЕ НА КОЖАТА
И НЕЈЗИНАТА НЕГА И ХИГИЕНА Градбата и функциите на кожата и даваат многубројни и сложени особини. Сложеноста во градбата, пред се присуството на повеќе органи во неа, често кожата ја прават како посебен систем во организмот. Градба на кожата
Кожата е изградена од два главни слоја, што се разликуваат од другите по својата градба и функција. Тие се:
- покожица, или надворешен слој, што е поделен на слоеви и е изграден од епителни клетки, но нема крвни садови;
- вистинска кожа или крзно, изградена од сврзно ткиво и има многу крвни садови, нервни завршоци и жлезди. Покожица - епидермис
Покожицата е површинскиот слој на кожата, од кој надворешните клетки
постојано се губат со лупење и триење. Бидејќи нема крвни садови во епидермисот, живите клетки се наоѓаат само во неговиот најдлабок слој. Клетките од овој слој постојано се делат и создаваат клетки- ќерки, кои се упатуваат нагоре кон површината и ги заменуваат изумрените клетки на површината. Со текот на времето клетките на покожицата излегуваат на површината и стануваат рамни и рожни, создавајќи слој, наречен првут.
Клетките во најдолниот слој на покожицата создаваат меланин, темен пигмент кој ја обојува кожата. Вистинска кожа - дермис
Изградена е од еластично сврзно ткиво во кое има многу крвни садови и нерви. Дебелината на покожицата и вистинската кожа е различна. Најголем број од творбите во кожата, вклучувајќи ги потните жлезди, лојните жлезди, влакната, се сместени во вистинската кожа, а ги има и во поткожните слоеви. Поткожни слоеви Поткожните слоеви се надоврзуваат на вистинската кожа. Овие слоеви се изградени од еластично и фиброзно сврзно ткиво, а присутно е и масно ткиво. Маста служи за изолација и како резерва за енергија. Најголемите крвни садови што ја снабдуваат кожата поминуваат низ поткожните слоеви. Крвните садови што се наоѓаат овде имаат влијание врз регулирањето
на температурата на организмот. Некои од кожните творби, како потните жлезди и коренот на влакната, се протегаат до поткожните слоеви. Поткожните ткива се богати со нерви и нервни завршоци. Кожни творби Потни жлезди
Потните жлезди се во облик на клопче и се сместени во вистинската кожа и поткожното
ткиво. Секоја жлезда има канал што се отвора на површината со пора. Потните жлезди
учествуваат во регулирањето на телесната температура преку испарувањето на потта од
телесната површина. Потта е составена од вода, со мало количество на минерални соли и други материи. Лојни жлезди
Лојните жлезди имаат изглед на ќесичка, а нивниот секрет ја подмачкува кожата и влакната, а со тоа ја штити од сушење. Каналите на лојните жлезди се отвораат во мевчињата на влакната. На отворите на лојните жлезди може да се насоберат црни дамки кои се смеса од истечен лој и кератин. При инфекција на ваквите жлезди се јавуваат мозолчиња со насобраниот лој. Влакна и нокти
Целиот организам е покриен со влакна кои површината ја прават мека и мазна. Влакното не е живо. Во кожата има задебелување во кое се наоѓа коренот на влакното кој овозможува истото постепено да расте. Мевчињата на влакната често се поврзни со тенки ленти од мазни
мускули. Кога овие мускули ќе се стегнат влакното се исправа, создавајќи испупчување на кожата.
Ноктите се заштитни структури, составени од цврста белковина произведена во клетки кои потекнуваат од другите слоеви на покожицата. Новите клетки на ноктите се создаваат постојано на задниот крај на ноктот во делот наречен корен на ноктот. Функции на кожата
Најважни функции на кожата се:
- заштита на внатрешните ткива од сушење и навлегување на штетни микроорганизми или нивни отрови;
- регулирање на телесната температура – терморегулација, преку испуштање топлина во околниот воздух;
- примање информации од околната средина преку многуте нервни завршетоци низ кожата;
- во кожата се врши синтеза на витаминот Д. Грижа за кожата
Правилната исхрана и соодветната циркулација се најважни за одржувањето на кожата. Правилното чистење и отстранување на нечистотиите и оштетените делови на кожата помагаат одржување на слабо киселата состојба што го спречува растењето и размножувањето на бактериите на кожата. Внимателното миење на рацете со сапун и вода, со посебно внимание на деловите под ноктите, е едноставен пример за заштита од ширење на болестите. Правилно зачуваната кожа е заштита од постојаното изложување на сончева светлина и пребрзо стареење. Соодветна заштита пред и за време на оштетувањата од сонце може да го спречи или намали оштетувањето на кожата. Сончевата светлина може да предизвика хемиски и биолошки промени во кожата. Најнапред кожата почнува да поцрвенува, а потоа може да почне да отекува и да има црвенкасти меури. Акните се оштетувања на лојните жлезди што се поврзани со мевчината на влакната. Најчесто се јавуваат на возраст од 14 до 25 години. Инфекцијата на лојните жлезди предизвикува создавање на мозолчиња, што се гледаат како црни дамки. Ќелавоста може да е предизвикана од голем број фактори. Најопштиот тип, што е наречен машка ќелавост, зависи од наследни фактори и возраста. Ќелавоста може да е резултат на некои болести, како, на пример, шеќерната болест, болести на штитната жлезда, неисхранетост и друго. Гноен чир кај луѓето се јавува кога одредени бактерии ќе навлезат во мевчето на влакното или лојните жлезди. Изгореници
Ако на кожата се дејствува со некои предмети или материи кои се со висока температура, врела
течност, прегреани гасови, усвитени предмети, некои киселини, настанува оштетување познато како
изгореници. Изгореници може да настанат и при нејзино подолго изложување на интензивни сончеви зраци, сончање во пладневниот период. Според степенот на оштетување изгорниците се поделени на три степен: I степен е појава на црвенило на оштетената кожа пропратено со боли, II степен е појава на пликови или меури исполнети со ткивна течност и III степен кожата добива сиво, жолтеникава боја и јагленисување. Изгорениците се опасни пред се поради губењето на телесните течности и појавата на јаки болки и можност на инфекции на појавените рани. Изгорениците од II и III степен, ако имаат зафатено повеќе од 50% од човековото тело, се опасни по животот на човекот.
Full transcript