Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Касни порасни

Biljana CM
by

Biljana Curlevska Manevska

on 26 April 2014

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Касни порасни

Касни порасни
Кој не ги знае тајните на плодовите,тој не ги знае надежите и копнежите на човековата душа,која постојано се стреми кон нешто ретко и недофатливо.
ЈАГОДИ

Ко жарчиња в лице горат,
мислиш нешто срамно зборат
или пак на сите места
од нас им се зема свеста,
па одвај го држат сокот
за да не му мине рокот

ЈАБОЛКА

Јаболкниците имаат болка
не знаат што се без јаболка,
без јаболка и без птици
тие не се јаболкници,
јаболката, пак, од ред сите
си се мислат на гранките.
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ
Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 - Скопје, 25 септември 2006) бил македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.
ЛУБЕНИЦА

Ах, таа лубеница, таа деница
среде поле ко негова реченица,
дали има нешто повеќе што блажи,
не може со полна уста да се каже,
само една пчела остана да бучи
верувајќи дека друго ќе се случи.
ЦРЕША

Како прво и прво црешата се
вцрви до врвот од црешовото дрво,
а како второ, а не прво,
се тресеше целото дрво
кога од неговите ветки
беревме црвени обетки.
КАЈСИЈА И ПРАСКА

Кајсијата и праската лично
си ја бараат својата сличност
и си светат кој знае до каде
тука нема што да се додаде,
без нив и ти можеби си видел
во бавчата потемно ќе биде.
Кајсија и праска
КРУША

Крушата е чудна чаша,
до врв полна слатка каша,
ене една кренал ежот
да измери колку тежи,
кај нас велат земи круша,
рани душа да те слуша.
ГРОЗЈЕ

Глеј, од лозјата не вика
сака со нас да се слика,
но, над него пчели јато
со прочуено минатот,
се караат и се мират,
првата ја пијат шира.
СЛИВА

Е, сливата не е жива
ако некој ја прозива,
за компот или за слатко трајно
или за нешто позначајно,
не знам зошто и е криво
што влегува во нов живот.
СМОКВА

Зелено е вирче роса,
торбе полно ситно просо,
низа на врат што се носи,
но најмногу од се е
слаткараница што умее
од теглата да се смее.
БАНАНА

Има една лоша страна,
само една мана знајна,
што не расте и кај нас,
но што значи
една мана
за позлатената банана.
ПОРТОКАЛ

Мирислив и жолт ко цвеќе,
а можеби и повеќе,
од родната земја, крајот,
му останал само сјајост,
како доказ спомен некој,
дека дошол од далеку.
ЛИМОН

Ако можеш намини
на свежи витамини,
од сончеви падини,
лимонови градини,
и здравје и понада
во чаша лимонада.
ОРЕВИ

Во секој орев јатки златни,
ко сестрички чистопатни,
уплашени во своите лица
што ги демне верверица,
уште не можат да сфатат
од кај паднале на патот.
КОСТЕНИ

Каква есен, каква есен,
не знам колку костени ни снесе,
сега надвор врне, снежи,
а ним им гори, жежи,
си пукаат на печката гласно,
како ништо да не им е јасно.
Касни порасни е сликовница , што преку плодовите говори и за годишните времиња,детските игри и радости, но и за грижите и за ограничувањата.
Спојот на мечтаеното и видливото ,всушност како река што спојува два брега,поврзува две изворишни точки и се претвора во една и единствена целост,од која произлегува нова сила, енергија и сладост.
А,она што посебно луѓето ги прави среќни, па и преку ,, Касни - порасни,, тоа се постојано новите животни сокови, што бликаат од природата, како здрава и неопходна еколошка средина, на таканаречената ни земја Мајка
Biljana CM 2013
Наслов на темата
именка
Техника петторед
Што предизвикува
восхит
Опис
(Две придавки)
Активност
Фраза од 4 збора
Дејство 3 глaголи
Чувство
порака
Илустрирање на омилено овошје
Творење на тема Овошје - избери овошка
и напиши песничка
Full transcript