Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Од пластика до гориво

Научно истражување
by

Emilija Krstevska

on 27 January 2013

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Од пластика до гориво

Со својот револуционерен технолошки пронајдок-од пластика до нафта, иновативната северноамериканска компанија за горива JBI го промовираше развојот на процес преку којшто се добива ултра чисто гориво со многу низок степен на сулфур, за коешто не е потребна дополнителна прочистителна преработка, и коешто директно се добива од неизмиени и несортирани отпадни пластични материјали. Според истражувањата спроведени од страна на Агенцијата за заштита на животната средина, на годишно ниво во САД се рециклираат само 7% од пластичниот отпаден материјал. Една понова компанија во близина на Нијагара тврди дека ваквиот процент може да биде зголемен, а паралелно на тоа да се намали зависноста на земјата од увоз на нафта од странските земји. Се почнува со работата на една машина позната под називот “Гигантско чудовиште што се храни со пластика”. Илјадници килограми на пластичен материјал, во вид на шишиња за вода или јогурт, како и кеси за пазарење, се превртуваат во голем контејнер каде се сомелуваат и испаруваат. Според некои тестови направени од страна на Одделот за заштита на животната средина во Њујорк, новата технологија на JBI компанијата е ефикасна, и во 90% од случаите при преработка на пластичниот отпад, се добива гориво. Сопственикот на компанијата тврди дека преку направените испитувања, ваквиот патент-производ стана дел од новиот тренд на рециклирање и производство на енергетски материјали. Тој уште и додава дека во првите неколку обиди да се произведе гориво од пластични материјали, резултатите биле со забележлив низок квалитет. Со примена на новите методи, денес имаме високо рафинирано гориво коешто еднакво се носи со веќе познатите брендови на горива коишто имаат широка примена во светски рамки. Еден од претставниците на трговскиот магазин којшто обработува теми од областа на индустријата за рециклирање, господинот Карсон Макс, во едно од своите излагања смета дека не може да биде сигурен дека конвертирањето на пластичниот отпад во нафтен произовд може да се смета за рециклирање, или уште помалку за еколошки прифатлив чин. Иако од друга страна смета дека техниките и методите коишто се користат во JBI компанијата можат да стојат “рамо до рамо” па и да ги дополнуваат тековните практики на рециклирање. Тој исто така смета дека JBI добива вреден прозивод од нешто што во секој случај би завршило и би било уништено во самите депонии. JBI го преработува оној пластичен отпад којшто не е воопшто лесен за рециклирање, е со низок квалитет и често е составен од различни типови на пластика-нешто на што повеќето од компаниите за рециклирање не би пристапиле. И бидејќи не постои недостаток во снабдувањето со пластичен отпад, еднакво на тоа и во побарувачката на нафта, Макс смета дека технологијата на JBI може да изврши големо влијание во трансформацијата на двете индустрии – нафтената и онаа за рециклирање на стари материјали. ОД ПЛАСТИКА ДО ГОРИВО
Изработка: Емилија Крстевска, Стефан Мирчевски, Марија Рутевска, Габриела Бучукоска и Софија Ангелеска "Очекуваме дека нашиот технолошки пронајдок ќе создаде една револуција во рамки на работата со отпадни материјали и со тоа ќе ги обнови локалитетите за рециклирање и начинот на којшто би рециклирале во иднината." Пример од поблиската практика:

Лазар Таневски (57) од Куманово е првиот производител на нафта на Балканот од преработка на стара пластика. Овој сопственик на отпад успеал во неговиот погон дневно да произведе околу 300 литри нафта, или за пет дена, колку што му работи погонот, 1,5 тон гориво со висок квалитет, кое веднаш може да се користи. Сопственикот на компанијата Пластиката којашто тој ја добива, се меле во посебна машина, која потоа се става во реактор кој, со одредени реагенси и катализатори, се загрева на одредена температурa и со разложување на молекулите се добиваат плин, нафта, керозин и бензин.
Full transcript