Loading presentation...

Present Remotely

Send the link below via email or IM

Copy

Present to your audience

Start remote presentation

  • Invited audience members will follow you as you navigate and present
  • People invited to a presentation do not need a Prezi account
  • This link expires 10 minutes after you close the presentation
  • A maximum of 30 users can follow your presentation
  • Learn more about this feature in our knowledge base article

Do you really want to delete this prezi?

Neither you, nor the coeditors you shared it with will be able to recover it again.

DeleteCancel

Make your likes visible on Facebook?

Connect your Facebook account to Prezi and let your likes appear on your timeline.
You can change this under Settings & Account at any time.

No, thanks

Презентација конференција

Билјана Чурлевска Маневска оценување
by

Ч2 13

on 7 December 2014

Comments (0)

Please log in to add your comment.

Report abuse

Transcript of Презентација конференција

Проверување и оценување
на знаењата на учениците

zoom in out
just
.
Современата настава од учениците бара ефикасно учење и критичко размислување.
За таа цел наставниците треба да користат интерактивни техники и методи на поучување ,со цел да ги мотивираат учениците за поголема самостојност и критичност во самооценувањето. Учениците ќе научат да бидат активни субјекти во процесот на поучување, ќе размислуваат критички и ќе ги разгледуваат информациите од повеќе аспекти, оформувајќи веродостојно мислење и заклучоци, а наставникот ќе ја има улогата на поттикнувач и насочувач.



Следење

Вештина која може да се научи и да се
усоврши во текот на практиката и
претставува една од најстарите постапки за
собирање на информации за предметот и
процесот што се следи.
Следењето е систематско бележење на интересите, мотивите, способностите, постигнувањата на учениците во усвојување на воспитно –
образовните содржини по наставниот предмет
и неговиот однос кон работата и поставените
задачи.
Утврдување и повторување

Образувањето на претстави,поими и
судови е неопходна основа на учењето.
Меѓутоа тоа учење треба да се задржи во свеста
и по потреба да се примени.
За да се задржат стекнатитезнаења
потребно е да се работи на нивно утврдување и повторување.
Утврдувањето и повторувањето
имаат физиолошки(нервни отпечатоци)и
психолошки причини(повторување по учењето)
а се многу важен фактор во понатамошното систематизирање на знаењата.

Проверување
на учениците е систематско следење, тестирање
и евалуација на постигнувањата на учениците и успехот
во реализирање на задачите на наставниот предмет или
воспитно – образовното подрачје во текот на целата
учебна година.

Значи проверувањето на знењата е постапка преку која
наставникот во текот на целокупната негова работа го
согледува и контролира обемот и квалитетот на усвоените знаења,способности и вештини.
По успешното следење и проверување последователно
се наметнува и постапката на оценување на учениците

проверување
утврдување и повторување
оценување
Оценувањето
претставува процес кој опфаќа собирање, бележење, интерпретирање, користење на информации и известувања за напредокот и постигањата на учениците во стекнување знаења, способности и ставови.

За успешно водење на современиот наставен процес, но и за успешно поучување, наставникот мора да ги има во предвид горе наведените компоненти и да ги применува во секојдневната практика. Повратните информации ќе му овозможат на наставникот да добие комплетна слика за профилот на ученикот, за квантитетот и за квалитетот на неговите знаења.

Глобалната матрица за компетенции
на наставниците,
вели дека основна карактеристика
на еден успешен, современ наставник е
фокусирање на развојот на ученикот.

Ваквиот наставник ги поседува
следните карактеристики:
* Секојдневно се грижи за учениците;
* Знае и разбира како учениците учат и се развиваат;

* Ги ангажира учениците да стекнуваат соодветни сознајни искуства кои го помагаат нивниот развој ;
* Ги охрабрува учениците да преземаат одговорност за сопственото учење;
* Упорен е во поттикнувањето на мотивите и желбата на учениците да учат и да постигнуваат подобри резултати;
* Упорен е во настојувањата учениците да чувствуваат задоволство од постигнатите резултати;

* Ги поттикнува помалку успешните ученици;
* Развива вештини за проучување на потребите и интересите на секој ученик;
* Ги почитува разликите меѓу учениците и води сметка за нивниот
развој условен од индивидуалните можности;
* Го споделува успехот и неуспехот со секој ученик;
* Создава атмосфера во која развива уверување дека
постигнатиот успех е резултат на неговото лично залагање;
* Негува стил на работа кој ја поттикнува сознајната љубопитнист
на секој ученик;
* Обезбедува активности кои се соодветни на личниот развој на
секој ученик;
* Води сметка за физичкиот, емоционалниот и когнитивниот развој на
секој ученик;
* Гради стратегии за енергично влијание врз воспитно запуштените ученици;
* Работи со учениците кои имаат проблеми во учењето;
* Работи со ученици кои имаат тешкотии во развојот;
* Ги почитува правата на ученикот и постапува согласно нив;

* Го почитува ставот на секој ученик;
* Создава нови услови и поттикнува дијалог меѓу учениците;
* Негува услови за формирање на ставови на учениците и градење на аргументација за нивно зацврстување;
* Обезбедува можности за активно ангажирање и користење на сите идеи на учениците.

Еден наставник треба да поседува барем половина од дадените компетенции за да може да биде квалификуван како добар.
Во идеални услови, еден наставник би ги поседувал сите овие компетенции.
Како и да е, оваа матрица треба да послужи како водич за секој наставник кој тежнее кон успех во својата работа.

Терминот оценување, во својата најширока смисла, означува процес на собирање
и интерпретирање информации за учењето и постигањата на учениците кои што се користат за:

1 . информирањето на учениците и на нивните родители за напредокот во совладувањето на знаењата, способностите и ставовите,

2 . обезбедувањето подршка на наставниците за да ја модификуваат својата настава, и

3 . информирањето на другите надлежни структури кои што донесуваат одлуки за образовната политика што се однесува на учениците
(на пример, одлуките за напредувањето на учениците, одлуките за вклучувањето
на учниците во одредени образовни програми и видови на практични активности).
(Нацрт стандарди за оценување на учениците во основното училиште во Република Македонија)

Кога фокусот на оценувањето е врз процесот / изведбата тогаш се користи
непосредно набљудување.
Кога се оценува продуктот тој се анализира откако ќе биде завршен и се оценуваат битните карактеристики.
Во основа постојат четири приоди во оценување на изведбените активности:
 холистичко,
 аналитичко,
 оценување на клучната карактеристика и
 оценување по подрачја.

Оценувањето треба да биде интегрален дел од планирањето на секој наставник и на работата во училиштето.
За да се изведе праведна,транспарентна,валидна и релијабилна оценка, наставникот континуирано го следи напредокот на ученикот користејќи најразлични форми и методи на работа ,кои пак вклучуваат адекватни техники и интрументи за следење.
Во училницата каде наставата е насочена кон ученикот,
учениците:
поставуваат прашања, претпоставки и даваат образложенија;
прават модели, експерименти, набљудувања, истражувања;
проценуваат и користат решенија, податоци, информации;
планираат и спроведуваат проекти;
користат прирачни материјали, техника и ИКТ технологија

На ваков начин учениците ги развиваат вештините за стекнување знаења, логичко и критичко размислување,
како и примена на стекнатите знаења.


За успешно реализирање на наставниот процес примарно е создавањето на критичкото мислење. За стимулирање на критичкото мислење битно е во секојдневната воспитно-образовна работа со учениците да бидат обезбедени повеќе услови:
 Градење атмосфера на истражување и отвореност
 Негување на соработка,споделување идеи и заедничка работа на остварување на одредена цел
 Градење свест дека наставниците и учениците се подеднакво одговорни за создавање на атмосфера на часот
 Создавање емоционално сигурна средина за учење
 Наставникот мора да претставува МОДЕЛ за критички мислител
* Да демонстрира отворен пристап кон разгледување на различни прашања
* Подготвеност за преиспитување на информациите,заклучоците и гледиштата
* Да ги почитува различните мислења без да го наметнува своето
 Временска организација на активностите
 Просторно уредување на училницата

Современата настава од учениците бара ефикасно учење и критичко размислување. За таа цел наставниците треба да користат иновативни техники на поучување како би ги мотивирале учениците на поголема самостојност и поголема критичност . Учениците ќе научат да бидат активни субјекти во процесот на поучување,ќе размислуваат критички и ќе ги разгледуваат информациите од повеќе аспекти,оформувајќи веродостојни мислења и заклучоци,а наставникот ќе ја има улогата на поттикнувач и насочувач.
Поставување прашања

Поставувањето прашања е битен сегмент во наставниот процес,како во текот на
усвојувањето на нови знаења,така и во процесот на проверување,кој му претходи на оценувањето.Со различни видови прашања се поттикнуваат различни видови мислења кај оној што учи и се определува работната атмосфера на часот:

 Какви видови податоци најмногу се вреднуваат
 Кои се валидни извори на информации
 Дали одредно знаење е конечно или идеите се приспособливи


Таксономии на прашања

Постојат различни категоризации на видовите прашања,а една од најпознатите е таксономијата на прашања што ја создал Бенџамин Блум.
Оваа таксономија содржи прашања кои поттикнуваат шест нивоа на когниција,кои се хиерархиски подредени од најосновното до највисокото.

1. Знаење (репродукција на специфични информации).
2. Разбирање (трансформација на информациите во сопствена корист).
3. Примена (употреба на апстрактни информации во конкретни ситуации).
4. Анализа (расчленување на информациите на делови иоткривање на односот помеѓу нив).
5. Синтеза (составување на деловите во целина и создавање нов продукт).
6. Евалуација (употреба на критериуми за вреднување и оценување а нешто).




Билјана Чурлевска Маневска 2014
Клучни зборови:
проверување,
оценување,
самостојност ,
критичност,
самооценување
Во текот на наставата е пожелно да се поставуваат прашања од сите нивоа затоа што вклучуваат различни видови мислење и водат кон подобро разбирање на материјата што се учи.

Сепак, наставниците треба да ги водат своите ученици од пониско кон повисоките нивоа на мислење, затоа што само на тој начин ќе можат подобро да ги разберат и искористат новите информации.
Bcm
2014
Full transcript